Меѓународната конференција на црковни комуникатори

Црквата не може веќе да го игнорира фактот дека е повикана активно да учествува во новата, секаде присутна и брзорастечка дигитална култура. Ова е заклучокот на меѓународната конференција која од 26 до 28 април 2016 година на Папскиот универзитет „Светиот Крст“  (Santa Croce) во Рим собра повеќе од 400 црковни комуникатори од целиот свет.

На кој начин институционалната комуникација би требало да заживее во дигиталното опкружување, кои нови предизвици таквaта средина  ги поставува пред црковните комуникатори и како пораките на спасението  да се пренесуваат преку  дигиталните патишта се само некои од прашањата на кои учесниците на конференцијата се обидоа да одговорат.

Канцелариите за комуникација внатре во бискупиите беа институција, а нивната улога, како и улогата на црковните комуникатори е да промовираат култура на комуникација – рече Марко Кароџјо, професор на катедрата по комуникациски менаџмент при Папскиот универзитет „Светиот Крст“.

Колку дигиталниот свет навистина ја менува парадигмата на комуникацијата, најдобро зборуваат статистичките податоци за 2016 година, кои откриваат дека денес во една минута се испраќаат повеќе од 150 милиони е-пораки, се објавуваат повеќе од 340 илјади твитови, а повеќе од 700.000 луѓе пристапуваат на својот фејсбук профил. Овие бројки се сериозен показател на одговорните во институциите за да не смеат дигиталната комуникација да ја сметаат како играчка, туку како неопходна тактика во стратегијата за комуникација на организациите. Во контекст на црковна комуникација, одговорните комуникатори се повикани и во дигиталниот свет да бидаат рибари на луѓе, а не „чувари на аквариумот“.

Дека дигитализацијата и кенвергенцијата на медиумите се  во центарот на комуникациските реформи во Ватикан потврди монс. Дарио Едоардо Вигано, префект на ватиканскиот Секретаријат за комуникација. Реформите, според зборовите на монс. Вигано, ќе  претставуваат нова динамика во работата и ќе ги вклопат комуникациските активности во контекст на дигиталната култура.

Посебен гост на вториот ден на конфернецијата беше директорот  на Канцеларијата за печат на Светиот Престол о. Федерико Ломбарди, кој говрејќи за прекрасниот повик на црковните комуникатори, истакна вистината да биде во средина на нивната пракса. Учесниците на конференцијата имаа можност да слушнат и сведоштва на бискупите во страдалните Цркви во Либерија, Естонија и Ирак. Помошниот бискуп во Багдад, монс. Василио Јалдо потсети дека бројот на католици во Ирак во само неколку години речиси се преполовил, а дека мачеништвото е вистинска харизма  на Католичката Црква во Ирак, а бискупот  почуствувал и на своја кожа, кога после говорот на папа Бенедикт XVI во 2006 година во Регенесбург бил киднапиран три дена.

Последниот ден на конфернцијата се разговараше за комуникацијата на папа Фрањо и  оние кои Светиот Отец го следат од блиску – ватиканистите. Тие се согласуваат во едно: Папа Фрањо ги продава весниците, а потребите за ватиканисти внатре во светските медиумски редакции се сè поголеми. Новинарот од американскиот дневник Вол Стрит Џурнал (The Wall Street Journal), Францис Рока, истакна дека со вестите од воените области, вестите од Ватикан, моментално се центарот на медиумското внимание, додека новинарката од шпанското радио Копе (Cope),  Палома Гарција Овеџеро откри дека Азија е во срцето на Светиот Отец и дека во својот понтификат папата Фрањо би сакал да ја посети Кина.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот