Месечни молитвени накани на епископот Стојанов

Месечни молитвени накани на епископот Стојанов

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов на 29 декември 2022 година го повика свештенството, монашките заедници и верниот Божји народ да се приклучи на месечните молитвени накани во 2023 година.

Како резултат на синодалниот од и наслушнувањето на верниот народ за потребите од молитва за разни предизвици со кои се соочува Црквата и општеството, епископот Стојанов повика на молитва со конкретни месечни накани.

Монсињор Стојанов препорачува во оваа година, заедно со верниот народ да се моли во парохиските цркви и капели на монашките заедници за месечните накани, еднаш неделно со некоја од побожностите на Црквата, а надвор од литургиските славења. Тоа може да биде во облик на Света Бројаница, некој Молебен, Литанија или некоја друга побожност на Црквата.

Молитвените месечни накани на бискупот Стојанов ќе бидат објавувани на порталот Католици.мк пред почетокот на новиот месец.

Молитвената накана за месец јануари 2023 година е за семејствата, посебно оние кои се во криза, а гласи:

Да го молиме Господ

за семејствата кои се основна клетка

во општеството и животот на Црквата.

Преку примерот на Светото семејство,

Господ Бог нека дарува свети семејства

во нашето општество и Црква.

Посебно молиме за семејствата кои се во криза,

 Господ Бог нека им помогне

повторно да ја откријат

убавината на заедничкиот живот.

Амин.

 

 

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот