Месец Октомври посветен на Пресвета Богородица: Ветувања за оние кои молат Бројаница

Месец октомври Црквата го посветува на Пресвета Богородица и побожноста Света Бројаница. Блажена Дева Марија, Богородица од Бројаницата, ги упатила овие ветувања на свети Доминик и блажен Алан де ла Рош.

1. Сите оние кои посветено молат Бројаница им ја ветувам својата посебна заштита и изобилни благодати.
2. Оние кои ќе истрајат во молитвите на Бројаницата, ќе примат некоја посебна милост.
3. Бројаницата ќе биде моќно оружје против пеколот, ќе ги уништи гревовите и ќе го протера кривоверието.
4. Бројаницата ќе помогне на растењето во крепостите и добрите дела, ќе донесе изобилни Божји дарови за душата, ќе ја сврти љубовта кон светот во љубов кон Бог, ќе ги воздигне срцата да ги сакаат божествените и вечните добра. На тој начин тие души ќе се посветат.
5. Кој ќе ми се довери преку Бројаницата нема да биде изгубен.
6. Кој побожно ќе ја моли мојата Бројаница, размислувајќи за таинствата на спасението, нема да биде сотрен од неволјите, ниту ќе умре со лоша смрт. Грешниците ќе се преобратат, праведно ќе растат во благодатите и ќе станат вредни за вечниот живот.
7. Оние кои искрено се посветени на молитвата на мојата Бројаница нема да умрат без утехата на Црквата или без милостите.
8. Оние кои ќе молат Бројаница ќе ја најдат за животот и на смртта светлоста Божја, полнината на неговите благодати и ќе бидат вброени меѓу блажените.
9. Брзо ќе ги ослободам од чистилиштето душите посветени на молитвите на Бројаницата.
10. Вистинските деца на мојата Бројаница ќе уживаат голема слава на небесата.
11. Она што ќе го барате преку Бојаницата ќе го добиете.
12. Која ја шири мојата Бројаница ќе добие преку мене помош во сите свои потреби.
13. Направив од својот Син сите пријатели на Бројаницата да ги имат светиите небесни за свои браќа во животот и смртта.
14. Кои верно молат Бројаница се мои драги деца, браќа и сестри на Исус Христос.
15. Посветеноста на мојата Бројаница е посебен знак за преодреденост.
Битно.нет/Д.И.

За авторот