Месец мај – Марија Царица на мајчинството

Месец мај – Марија Царица на мајчинството

Месец мај постојано нѐ предупредува на новиот живот. Пролет е. Зеленилото и цвеќињата ја откриваат убавата страна на животот. Затоа не е чудно што месец мај е посветен на мајките, а на посебен начин во традицијата на христијанството, посебно на Католичката црква, тоа е месец посветен на една единствената мајка, Блажена Девица Марија. Едноставно месецот мај го нарекуваме Богородичен месец, месец на Марија.

Блажена Девица Марија е мајка на единственото Дете, Исус. Но тој на посебен начин е живот и на сите нас, тоа е поради фактот што во духовна смисла сметаме дека е мајка на сите нас. На неа им должиме за таинството на Исусовиот живот, а без Исус не би можеле повеќе да го замислиме ниту пак својот живот. На неа им ја должиме полнината и смислата на својот живот.

Затоа во овој месец се бројни верските средби збогатени со различни побожности кон Богородица. Црквите се украсуваат со цвеќиња, иконите и статуите со Пресвета Богородица посебно се истакнуваат, како верниците полесно би можеле да ги забележат.

Таа е вистинска жена. Олицетворение на достоинството и убавината на женското битие. Полна е со нежност и внимание. Во односот кон луѓето чувствуваме дека е несебична, полна со досетлива љубов. Мајчинството го прифаќа како неискажливо достоинство и дар.

Марија е посебна мајка. Како да сака со своето мајчинство да даде печат на достоинството на секоја мајка. Поради неа и заради неа, христијаните во секоја мајка која под срцето носи живот, ја препознаваат како лице во благословена состојба, а така и кажа Елисавета на Богородица, свечено и радосно: Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба (Лука 1,42).

Марија е една од нас, жена од народот, повикана за достоинство на мајчинството. Го родила Исус. Освен тоа неискажливо достоинство, таа е олицетворение на нежноста и љубовта која ја примивме, или пак сме сакале да ја примиме од нашите мајки. Меѓутоа Марија е повеќе од тоа. Таа станува знак на нежноста и љубовта. Таа, токму преку побожностите, со својот знак сака да нѐ предупреди дека за секој од нас постои место во нејзиното срце: бидејќи го роди изворот на животот, од кој и ние живееме!

Исто така, таа е знак од Бог во кој и самата ја наоѓа смилата на својот живот, Бог кој е нежност и љубов, Бог кој љуби верно и милосрдно, силно и вистински, од било кој друг на овој свет. Таа нѐ предупредува на таа љубов која сака на секој од нас да го исполни животот со она што луѓето не можат да ни го даруваат.

Фра Ѕвездан Линиќ

Категорија: Вера, Духовни Мудрости

За авторот