Меријам Ибрахим: „Единствено ја сакав својата вера“

Мериам Ибрахим, христијанката која конечно го напушти Судан, бидејќи тамошните власти ја затворија и осудија со смртна казна поради отфрлањето на исламот, својот живот ќе го продолжи со своето семејство во Соединетите Американски Држави.

„Ќе започнеме нов живот… Најпрво ќе отидеме во Њу Хемпшир каде живее братот на мојот сопруг, Габриел. Тој ќе ни помогне. Важно е дека сме заедно како вистинско семејство“, рече Миријам по доаѓањето во Италија за тамошниот дневен весник Ла Република.

Меријам со семејството минатиот викенд пристигна во Рим, каде на пола час се сретна со Светиот Отец. Папата Фрањо ѝ се заблагодарил за сведочењето на верата и истрајноста.

„Таа средба беше исполнување на сонот. Јас секогаш ја сакав својата вера. Љубовта на мојот сопруг е дар Божји“, рече Меријам по средбата.

Меријам во мај годинава, беше осудена на 100 удари со камшик, а потоа и на смрт со бесење. Иако израсната како христијанка, Ибрахим ја прогласија за крива поради отфрлањето на исламот и ја осудија за прељуба бидејќи се омажила за христијанин.

Во нечовечки услови во затворот во Картум ја роди ќерката Мају и покрај сите ужаси, одби да се откаже од сопствената вера. Во затворот цело време со неа беше и 1, 5 годишниот син.

„Кога ми рекоа да се откажам од сопствената вера, знаев што ризикувам“, рече оваа храбра жена за Ла Република.

По големиот меѓународен притисок, судот ја поништи пресудата и ја пушти на слобода.

Лаудато/В.Н

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот