Мајка Тереза: Барајте Го

Не дозволувајте да ве совлада дух на неволност и малодушност. Симптомот на горделивоста е да се потпираме исклучиво на сопствените сили. Еднаш света Маргарета Алакок го прашала Исус: „Господи, што ќе направиш со мене?“

„Остави ме со слободни раце…“ одговорил Исус.

Дозволете му да ве освои и промени, а покасно ќе го наполни вашето срце до врвот, така што вашиот одговор до Него ќе биде совршена преданост.

Барајте Го.

Спознавањето ќе ве направи силни како смртта. Љубето Го и имајте доверба во Него, не свртувајте се и на плашете се.

Верувајте дека животот е Исус и само Исус.

Служете му на Исус и притоа занемарете и заборавете што сѐ ви пречи и вознемирува. Делувајте љубејќи ја нељубената љубов.

Христос не треба да се навестува на начин на кој зборуваме, на начин со кој одимe или начин на кој се смееме. Го навестуваме живеејќи го, така што сите можат да сфатат дека му припаѓаме.

Навестување не значи да се проповеда, туку да се биде.

Променети ги своите срца…

нема преобраќање без промена на срцата.

Промената на места не е решение,
решението е во промена на срцата.

А како можеме да го промениме?

МОЛЕЈЌИ!

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

За авторот