Мачениците како о. Жак го следат Исус и привлекуваат верници

Мачениците како о. Жак го следат Исус и привлекуваат верници

Пред една година, на 26 јули 2016 година, на возраст од 85 година, е убиен отец Жак Хамел додека служеше света Литургија во црквата Свети Стефан Сен – Етјен де Рувре во француската покраина Нормандија. Отец Хамел е првиот свештеник убиен од џихадистите во Европа во овој век.

Фактот дека е убиен токму во црквата Свети Стефан поттикнува на размислување и нѐ повикува на повторно читање на животот на овој свештеник од Франција, во светло на животот на христијанскиот првомаченик и многу други кои папата Фрањо ги нарече браќа прогонети заради верното сведочење на Евангелието. Во септември минатата година, на светата Литургија задушница за о. Хамел, папата Фрањо истакна дека убиениот о. Жак е дел од синџирот на маченици, христијани кои денес страдаат за да не се откажат од Исус Христос. Како криминалец е убиен добар и кроток човек, човек на братството.

Во моментот на смртта, истакна тогаш папата Фрањо, о. Хамел луцидно го осуди зачетникот на прогонот. Сатаната е зачетник на прогонот, сведочат неговите последни зборови пред убијците: „Отстапи сатано!“ Мачениците напротив го следат Исуса, рече во таа прилика папата Фрањо затоа што Тој е „првиот маченик“, „нивниот единствен леб“ и „не им треба ништо друго:“ „за маченикот не може да се зборува како за херој, тој е човек на кој му е искажана Божја милост, затоа што маченици нѐ прави Божјата милост, а не храброста.“ Денес мачениците се побројни отколку во првите христијански времиња, потсети тогаш Светиот Отец, иако медиумите за нив не зборуваат.

Во Рим, во базиликата Свети Вартоломеј е поставен споменик на новите маченици од 20 и 21 век. Дон Анџело Романо ректор на базиликата истакнува дека денес се случуваат „масовни мачеништва кои зафаќаат цели црковни заедници.“ Со нив, постојат и т.н. „сокриени маченици“, мажи и жени кои настојуваат да го промовираат братството, пронаоѓајќи нови патишта за живеење на Евангелието, „христијани кои љубат безусловно во материјалистичкиот и индивидуалистичкиот свет“, според науката на Исус Христос.

„Да се наликува на Исус“ привлекува верници, додава ректорот Романо и затоа смртта на о. Жак длабоко ја потресе Франција. Во таа смисла, заклучува дон Романо, е јасно што Папата мисли кога ја цитира мислата на Тертулијан, „крвта на мачениците е семе за христијаните“: нема сомнеж дека Господ го победи злото, а ние мораме да бидеме на висината на доверената ни задача: а тоа е навестување на Еванглието на светот на кој толку му е потребно.“

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот