Масакр во католичка црква во Нигерија – Папата ја изрази својата болка и тага

Масакр во католичка црква во Нигерија – Папата ја изрази својата болка и тага

Бројни жртви, меѓу кои и деца, од масакрот во црквата Свети Фрањо Ксавиер во Ову, Нигерија. За време на светата Литургија на Педесетница, на 5 јуни, вооружени напаѓачи упаднале во локална црква во северозападниот дел на земјата, убивајќи најмалку 50 луѓе, според локални извори. Додека се разјаснуваат деталите за нападот, папата Фрањо ја изрази својата болка и тага поради крвопролевањето, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

„Папата Фрањо се моли за жртвите и за земјата, болно погодена за време на празникот, и ги доверува на Господа да го испрати својот Дух да ги утеши“, рече Матео Бруни, Канцеларијата за печат при Светиот Престол, по нападот во негриската држава Ондо, која досега била една од најмирните во државата. Според извештаите бил детониран и експлозив.

Според достапните извори, загинале повеќе од 50 лица. Локалните лекари, цитирани од меѓународните агенции, известуваат дека многу луѓе донесени во болница веќе им подлегнале на раните. Апелираат и за дарување крв.

Не е киднапиран свештеник

Месниот епископ на Ондо, монс. Џуд Ајодеџи Арогундаде, изрази близина со жртвите и нивните семејства, рече отец Августин Икву, директор за социјални комуникации на бискупијата. Тој додаде дека се зголемуваат стравувањата дека бројот на жртвите ќе се зголеми поради ранетите и изрази болка поради тоа што Црквата е повредена.

Тој ги демантира првичните информации на социјалните мрежи дека напаѓачите киднапирале неколку верници, меѓу кои и свештеници. „Сите свештеници во парохијата се безбедни и никој од нив не е киднапиран“, рече отец Икву во изјавата. Како што рече, локалниот бискуп ги моли верниците „да ја задржат својата присебност, да го почитуваат законот и да се молат за враќање на мирот и нормалноста“ во овие моменти на ужас во тамошната заедницата и целата земја.

Директорот на социјални комуникации на бискупијата рече дека идентитетот на напаѓачите се уште не е познат, но дека безбедносните сили се распоредени околу црквата во Ову.

Темнината никогаш нема да ја победи светлината

Нападот го осуди и нигерискиот претседател Мухамаду Бухари. Во изјавата објавена од неговиот портпарол, претседателот Бухари изрази сочувство до семејствата на жртвите и до Католичката црква и ги повика службите за итни случаи да пружат помош на повредените. „Оваа земја“, рече претседателот во изјавата, „никогаш нема да се предаде на злото и злите, а темнината никогаш нема да ја победи светлината“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот