Марија од Назарет во Петралинци и Сарај

Во понеделникот на 16 мај 2016 година статуата Марија од Назарет со песни и молитви беше пречекана од мноштвото верници во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци.

Статуата Марија од Назарет која што ја претставува Пресвета Богордица во брзање по скалите за да посети својата роднина Елисавета беше придружувана од патер Џовани Мариjа Леонарди кој за време на литургиското славење одржа проповед во која повика на посветување на Срцето Мариино. За време на дводневната посета на Марија од Назарет на Петралинци маријанските побожности и молитви ги предводеше отец Ѓорѓи Појразов преку кои верници ја почувствуваа близината на својата небесна Мајка, пренесувајќи и ги своите лични молитви и потреби, молејќи ја до доцна во ноќта.

Наредниот ден, вторник 17 мај, по светата Литургија и побожностите статуата Марија од Назарет од парохијата „Свети Кирил и Методиј“ своето ходочастие го продолжи во филијалната црква „Свети Димитриј и Падре Пио “ во Сарај. Голем број на верници, посебно деца собрани во црквата ја пречекаа Марија од Назарет. По одржаните побожности до Марија од Назарет, Патер Џовани Мариjа Леонардо одржа наговор во кој истакна дека Пресвета Богородица е подготвена да ни го измоли она што го бараме и поттикна во тишина да ја замолиме Пресвета Богородица за нашите потреби.

Статуата Марија од Назарет своето ходочастие од Сарај го продолжи во Чанаклија и во Нова Маала.

к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот