Маријанскиот месец во ватиканската базилика

Маријанскиот месец во ватиканската базилика

Посебни моменти на молитва и процесија со свеќи ќе се одржуваат во мај во чест на Пресвета Богородица, која е особено почитувана во Ватикан под името „Mater Ecclesiae“ (Мајка на Црквата). Побожностите ќе ги предводи кардиналот Анџело Комастри.

Во месец мај, кој Црквата на посебен начин го посветува на Маријанската побожност, ватиканскиот викаријат и парохијата Свети Павле ќе подготват серија активности посветени на Богородица, која е особено почитувана во базиликата како „Mater Ecclesiae“ ( Мајка на Црквата).

Во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста на Работилницата за одржување на базиликата Свети Петар се наведува дека секоја среда во 16.00 часот ќе има патувачка молитва од атриумот на Ватиканската базилика, која ќе ги опфати главните поставки посветени на Богородица. Молитвата ќе завршува во 17.00 часот со света Литургија.

Понатаму, секоја сабота од 21.00 до 22.00 часот ќе се одржува процесија со свеќи на плоштадот Свети Петар со иконата „Mater Ecclesiae“, придружена со молитвата Света Бројаница предводена од кардиналот Анџело Комастри, архипрезвитер емеритус на базиликата Свети Петар.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот