Маргарет Карам нова претседателка на движењето на Фоколарите

Маргарет Карам нова претседателка на движењето на Фоколарите

Маргарет Карам од Светата Земја на 31 јануари 2021 година е избрана за претседател на Движењето на Фоколарите со повеќе од две третини од гласовите на 359 члена на Генералното собрание, кои се застапени од целиот свет.

Карам во службата ги наследува основачката Кјара Лубик и Марија Воче, која на должноста беше 12 години (два мандати). Маргарет Карам е родена во Хаифа во 1962 година. Дипломирала Јудаизам на Еврејскиот универзитет во Лос Анџелес (САД). Има извршувано различни одговорни служби во Движењето на Фоколарите, во Лос Анџелес и Ерусалим. Исто така соработувала во разни комисии и организации за промовирање на дијалог помеѓу трите монотеистички религии, како што се Бискупската комисија за меѓурелигиски дијалог, Собрание на католиците во Светата Земја и МКСИ (Меѓурелигиски координативен совет во Израел). Работела 14 години во Генералниот конзулат на Италија во Ерусалим.

Многу обврски и предизвици ја очекуваат Маргарет Карам во следните години: управување и насочување на Движење на Фоколарините кое е присутно низ целиот свет и предизвиците на човештвото, почнувајќи од ова време на пандемија. Статутот укажува и на „стилот“ што мора да ја карактеризира работата на претседателката: „Нејзина должност е пред сè да претседава со љубовта, затоа што таа мора да биде прва што ќе љуби, односно да им служи на своите браќа, свесна за зборовите на Исус:’ (…) кој сака да биде меѓу вас прв, нека биде слуга на сите ‘(Марко 10,44).

Затоа примарната задача на претседателката е да биде градител на мостови и навестителка на централната порака на духовноста на Фоколарите, подготвена да ја практикува и шири и по цена на сопствениот живот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот