Марадона: Имаме голем Папа

Имаме голем Папа. Тоа ме прави горд, како и сите Аргентинци, бидејќи е хуман, можеш да го допреш, прегрнеш, изјави Марадона за аргентинска телевизија по завршувањето на меѓурелискиот натпревар, кој се одигра на 1 септември на Олимпискиот стадион во Рим, а по иницијатива на Папата. Приходот од натпреварот е за добротоворни цели.

Папата ме прегрна, како што ти тоа го правиш, рече Марадона на аргентинскиот новинар.

Марадона кажа дека папата Фрањо му предложил заедничка акција.

„Диего, заедно ќе ручаме, сакам со тебе да разговарам, имам еден проект за децата од Африка за да престанат да гладуваат и страдаат“, рече Марадона, пренесувајќи ги зборовите на Папата.

Пред натпреварот Марадона му подари на Папата дрес на аргентинската репрезентација со бројот 10 и порака напиша своерачно: „со голема љубов за многу мир во светот“.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот