Македонски Каритас: Тренинг за заштита на корисници

Македонски Каритас: Тренинг за заштита на корисници

На 17 февруари 2021 се одржа онлајн работилница за персоналот и соработниците на Македонски Каритас на тема: „Заштита на корисниците во согласност со стандардите на Каритас Интернационалис“, која ја водеше Андријана Војновиќ, претставничка на ЦРС од Белград.

Работилницата опфати неколку подрачја и тоа: клучни термини за заштита на корисниците, кодекс на однесување, нашата одговорност и механизам за известување.

Каритас Интернационалис постави високи стандарди на ова подрачје, промовира превенција на било каков облик на неправилно и непримерно однесување и бара од своите членки усвојување и примена на политики и процедури за заштита на корисниците. Покрај останатите политики и процедури, усвоени и во примена во Македонски Каритас се и Политикaта против вознемирување, Политиката за заштита од злоупотреба и експлоатација, како и Механизам за справување со жалби.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот