Нов дизајн на интернет страницата на Радио Ватикан – македонска програма

Од среда 18 февруари 2015 година интернет страната на Радио Ватикан, македонска програма започна информациите да ги објавува на новиот дизјан кој е во согласност со новите потреби.

На страницата има можност да се следат активностите на Папата, меѓу кои: Неделната молитва Ангел Господов, Генералната аудиенција во среда, како и проповеди од домот Света Марта, вклучувајќи и разни други говори и активности на Светиот Отец.

Страницата нуди вести и од животот на Црквата во Македонија и светот. Се ажурира секојдневно со нови информации, за што свој голем допринес дава и македонската интернет страна Католици.мк.

Благодарение на уредничкиот тим составен од 37 различни јазици, меѓу кои и македонскиот, Радио Ватикан продолжува со својата посветеност во служба на Папата и Црквата во светот.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот