Мажи молете Бројаница: Таа е најдобро духовно оружје за вас

Понекогаш побожноста кон Богородица може да изгледа како далечна за мажите католици. Додека пораснав, понекогаш во сабота наутро знаев да го затечам својот татко во молитва – Бројаница (молеше на мир додека сите останати спиевме) или ќе го забележав како својата прекрасна Бројаница ја ставил на масичката за кафе. Бев благословен од неговиот пример. Знам примери за други мажи чии татковци ја оставаат својата Бројаницата во шкафот на работа (обидете се да пронајдете пожарникар католик кој нема кај себе бројаница или медалка на некој светец) или во некој џеб, за повремено да застанат и ги подредат нејзините зрнца. Но, како да им се објасни на оние мажи кои не „слушнале“ или не „виделе“ дека Бројаницата е навистина побожност за мажи?

Бројаницата е засолниште

 Денешната култура на верниците им наметнува страв дека ќе бидат претставени како лицемери (сите знаеме како Исус ја сакал дволичноста…) И покрај своите слабости, важно е да бидеме во вистината со самите себе, со она што можам и во што верувам. Подобро е понекогаш да бидеш понизен и соземен, отколку да објавуваш или прикажуваш лажна слика за себе како голем светец. Проблемот е во начелото на автентичноста – племенита особина – која може да биде како меч со две острици. Кога немаме цврсти темели, може да потонеме. Не сме сите повикани да бидеме големи сведоци на верата, проповедници или маченици – но повикани сме да бидеме верни. Бројаницата ни овозможува структурирана програма која ни овозможува да ги изградиме темелите на нашата вера во тајната на нашето срце, за кога ќе навали бура да можеме да бидеме силни во тоа што сме.

Бројаницата нè опремува за духовна битка

Факт е дека духовниот живот е битка. Катехизмот на Католичката Црква вели: „Молитвата е милосен дар и одлучен одговор од наша страна. Таа секогаш подразбира напор. Големите молители од Стариот Завет пред Христа, како и Мајка Божја и светците нè учат: молитвата е битка. Против кого? Против нас самите и против замките на искушувачот, кој сè прави за човекот да го одврати од молитвата, од единството со неговиот Бог. Човекот моли онака како што живее ,бидејќи и живее онака како што моли. Ако не делува постојано по Духот Христов, не може ниту постојано да моли во Негово име. „Духовна борба“ новиот живот на христијаните е неделива од молитвената борба“ (2725). Свети Павле вели: „оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината, против поднебесните духови на злобата.“ (Еф 6,12). За да бидеме цврсти во верата мора да бидеме „облечени во оружјето на светлината“ (Рим 13,12). Монасите доминикаци носат Бројаница на левата страна, страната на која претходно витезите носеле меч. Во духовната битка молитвата е единственото оружје и мора постојано да биде користено. Побожноста Бројаница го преобразила животот на еден италјански адвокат од 19 век. Бартол Лонга кој бил заробен од окултизмот често помислувал на смоубиство. Без никакви сомнежи, приврзаноста кон молитвата-Бројаница ќе ни помогне да го совладаме злото кое постојано нè напаѓа. Нападите и гревовите на кои наидуваме во 21 век нè не поседуваат, бидејќи Бројаницата ја ветува најголемата победа некогаш извојувана: победа на животот и светлината над гревот и смртта.

Бројаницата го збогатува нашиот контемплативен живот

Како што сакаат да ги поправаат работите во куќата, да решаваат кризни ситуации на работа или да дизајнират и градат, мажите сакаат и да контемплираат над проблемот. Некаде слушнав дека во текот на времето одвоено за молитва, луѓето треба да го очистат својот ум од сите мисли, за во потполнст да бидат фокусирани на Бог. Ова ми изгледа неприродно. Моето искуство ми зборува дека Бог сака пред Него да го ставиме целиот наш неред и нечистотија на животот, тоа да не го сокриваме пред Него. Ова ни зборува за прекрасната реалност на христијанството – за овоплотувањето – фактот дек Бог се спуши во нашиот свет за да го посвети и да го подигне до Себе. Таинствата на Бројаницата нè поттикнуваат да размислуваме за сопствениот живот и истовремено ни дава можност да ги прикажеме нашите борби на Господ. Додека размислуваме за таинствата од Бројаницата ги сообразуваме нашите животи со Христовиот живот. Молејќи Бројаница Господ се пробива низ нашите камени срца и отвора место за Него. Преку молитвата – Бројаница Он ќе ни проговори за проблемите во нашиот живот.

Исус така ни рече

Уште од веронаучните текстови од второ одделение знам дека Исус дава одговор на повеќето прашања. Без навлегување во големи теолошки расправи, можеме едноставно да кажеме: мажи треба да молите Бројаница затоа што Он така ни рече. Од крстот Исус се обраќа на свети Иван и вели: „Ете ти Мајка“ (Ив 19,27). Таа заповед не се однесува само на свети Иван, туку и на сите нас. Да учествуваш, да имаш дел, да примаш и даваш: тоа е заповедта. Преку Богородичното посредување на крстот и преку молитвата- Бројаница, Исус овозможува богатството на милости кое е поврзано со Безгрешното зачнување на Неговата Мајка, да се излие на нас. Наше е да ја побараме и да се сретнеме.

O.Patrick Mary Briscoe/www.catholicexchange.com/Превод: Nenad Palac /Bitno.net/к.мк/ Д.И.

За авторот