Литургија на Словото со бискупот Стојанов по повод Светскиот ден на Богопосветениот живот

Литургија на Словото со бискупот Стојанов по повод Светскиот ден на Богопосветениот живот

По повод Денот на Богопосветениот живот, кој во Црквата се слави секоја година на празникот Сретение Господово (2 февруари/15 февруари), Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. Киро Стојанов на брановите на Радио Марија ќе има „Литургија на Словото“ во среда 2 февруари 2022 година со почеток во 19.45 часот.

Денес, во утринските часови во капелата „Свети Кирил и Методиј“ во бискупската резиденција бискупот Стојанов служеше света Литургија со накана за Богопосветените лица во Македонија и благодарност до Бога за 23. годишнина од неговото именување за бискуп од папата свети Иван Павле II.

Радио Марија може да се слуша во Струмица на 106.50 MHz и на интернет на www.radiomarija.mk, како и на апликацијата Радио Марија Македонија, која може бесплатно да се преземе од Play Store.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот