Либан: Кардинал Раи изрази жалење за случувањата во Либан

Бејрут, 30.5.2013 /к.мк/ – По крвавиот напад на воениот пункт во Либан кардиналот патријарх Бехар Бутрос Раи предупреди дека станува збор за национално “самоубиство”. Вооружениот напад во источен Либан, во Арсал, ги погоди државата и уставните институции, како и либанскиот народ и неговото достоинство, рече на 28 мај поглаварот на Маронитската Католичка Црква, пренесува германската католичка новинска агенција КНА. Тој изрази жалење за случувањата во Либан. „Тоа е како самоубиство”, рече Раи. Според известувањето од “Daily Star” непознати сторители утрото на 28 мај го нападнале воениот пункт во Арсал кај Баалбека на североисток во државата. Во нападот загинале тројца војници на возраст од 21, 23 и 26 години. Напаѓачите пристигнале со теренско возило хамер и после пукотниците избегале преку границата во Сирија.

Од Сириската граѓанска војна не се поштедени ниту социјалните установи. Неодамна падна ракета на семејна куќа во СОС детско село во Алеп, како што јави оваа организацијата во вторник во Минхен. Зградата од нападот е во голема мера уништена. Жртви немало, бидејќи СОС семејствата поради безбедносни причини се повлечени од борбената зона. Поради инцидентот во СОС детското село повторно повика на воспоставување на зона за заштита на децата во граѓанската војна во Сирија. (Б.У.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<