Лекарот кој наплаќал со молитва

Лекарот кој наплаќал со молитва

Блажен Ласло Батјани-Стратман бил великодушен лекар кој никогаш не одбил пациент, прифаќајќи ја молитвата како начин на плаќање.

Многу луѓе од одењето на лекар можат да ги одвратат можната висина на сметката знаејќи дека не можат да го платат високиот трошок.

Меѓутоа блажен Ласло Батјани Стратман за приоритет го имал служењето на сиромашните со својата медицинска пракса, никогаш не одбивајќи ги пациентите ако не можеле да платат – пишува Алатеија.

Бил во посебна ситуација затоа што по смртта на неговиот чичко го наследил дворецот Корменд кој се наоѓа во Унгарија. Со тоа ја добива титулата принц и името Стратман. Бил великодушен со своето царско богатство, претворајќи го едното крило на дворецот во болница.

Ватиканската биографија за Батјани донесува дека станал познат по својата медицинска стручност и великодушноста кон сиромашните. Ласло станал познат научник како во Унгарија така и во странство. Бил познат и како „лекар на сиромашните“, а сиромашните доаѓале за помош и совети. Ги лекувал бесплатно; како „надомест“ за нивното лекување и престојот во болницата ги замолувал да измолат „Оче наш“. Рецептите за лековите исто така биле бесплатни, а покрај тоа што им давал лекарска помош, често им давал и парична.

Таа великодушност произлегувала од длабоката и трајна вера во Бог. Го молел Бог пред секоја операција сметајќи го Бог како божествен лекар.

„Пред операцијата молел Бог да ја благослови операцијата. Бил уверен дека мединската хирургија која била негова област и понатаму р инструмент во Божјите раце и дека оздравувањето е Божји дар. Пред неговите пациенти да бидат отпуштени од болницата им ја покажувал сликата на Господ и духовната книга со наслов: „Отворете ги очите и погледнете“ на тој начин им давал насоки во духовниот живот. Неговите пациенти, па дури и неговото семејството го сметале за светец.

Неговото единствено практикување на медицината било вдахновение за многумина, а така останало и по неговата смрт на 22 јануари 1931 година.

Свети Иван Павле II го прогласил за блажен Ласло Батјани на 23 март 2003 година. Тој е моќен застапник на сите кои работат во медицинат

Алатеја/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот