Крстот е последното помазание

Во проповедата во петок 27 септември на Света Литургија во капелата на домот Света Марта Светиот Отец говореше за способноста на христијаните радосно и трпеливо да ги поднесуваат понижувањата. Папата предупреди на „искушението на духовната благосостојба“ која пречи на целосно наследување на Христос.

Да, „но донекаде“. Секогаш демне опасноста на млака, пресметана и воздржана вера. Коментирајќи го литургиското Евангелие и Исусовото прашање насочено кон апостолите: „Што вели народот за Него, а потоа: што велат тие?“, Папата рече дека тоа прашање е насочено и кон нас. Кој е Христос за тебе? Сопственик на некое претпријатие, добар пророк, добар учител, сакана личност? Може да биде сето тоа, но тоа не е сѐ – забележи Светиот Отец.

Говорејќи пак за одговорот на Петар, рече дека Светиот Дух го допре срцето на Петар. Дали Христос е Син на живиот Бог, или е тајна? Кој може тоа да го објасни? Исус го објасни. Никој од нас, молејќи се и гледајќи го Светото Хранилиште, не може да му каже на Господ: Ти си Христос, Син на живиот Бог, ако во нас не проговори Светиот Дух. Затоа подготви се бидејќи Христос ќе ти одговори: „Вистина е “ – рече Папата. Исус му вели на Петар за тоа да не зборува никому, а потоа му ја навестува својата мака, смрт и воскресение. Говорејќи за однесувањето на Петар, Папата ја истакна неговата збунетост и соблазнување, а така велат и бројни христијани: тоа не смее да ти се случи!… Јас те следам – но само донекаде – рече папата Фрањо. Еве, тоа е искушението на духовната благосостојба. Имаме сѐ: Црква, Исус Христос, Свети Тајни, Богородица, сѐ, прекрасни работи за Царството Божјо; сите сме добри. Барем така треба да размислуваме, поинакво мислење би било грев! Многумина се како богатото момче кое сака да го следи Исус, но само донекаде. Недостасува последното христијанско помазание. За некој да биде вистински христијанин мора да го прими помазанието на Крстот, помазание на понижување. Христос се понижи до смрт. Прифаќање на понижување е потврда на нашата христијанска реалност: дали сум христијанин на културата на благосостојба или го следам Исус сѐ до Крстот? Способноста на прифаќање на понижувањето е потврда на вистинско христијанство – рече Папата Фрањо.

Соблазната на Крстот збунува многу христијани. Сите би сакале да воскреснат, но не сакаат сите да го прифатат крстот. Уште повеќе, се жалат на неправди и навреди; се однесуваме спротивно од тоа што Исус го првави. А изборот може да биде само: или христијанин на благосостојбата или христијанин по волјата Исусова – заклучи Светиот Отец.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот