Крстен пат на отворено во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ Струмица

 Во Четвртата недела од Великиот пост, на 30.03.2014 година, направивме Крстен пат, за прв пат во нашата парохија, на отворено поле. Со голем број млади а исто така и возрасни наши верници, со чесните сестри евхаристинки и двајцата свештеници го започнавме Крстниот пат од местото наречено „Ловен дом“ и се упативме кон манастирот „Свети пророк Илија“.

Од постаја до постаја молевме света Бројаница размислувајќи за страданијата на Господ Исус Христос. Голем број на луѓе кои се враќаа од манастирот „Свети пророк Илија“ беа изненадени и радосни што можеа да се сретнат со Исус кој го носи крстот према Голгота.

На крајот од секоја десетка се пееше песна за Христос, Господ нашиот Спасител. Кога го завршивме Крстниот пат, иако сите бевме малку изморени, сепак радосни што можевме малку да ги доживееме страданијата и смртта на нашиот Господ Исус Христос во ова свето време на постот.

Отец Трајков Георге и

отец Ристо Самарџиски

Категорија: Македонија

За авторот