Крстен пат во Колосеумот: Бог е милосрдие

На Велики Четврток Светиот Отец во прифатниот центар за баратели на азил во областа Кастелнуово ди Порто ќе служи света Литургија Вечера Господова и по тој повод ќе ги измие нозете на дванаесетмина бегалци. На Велики Петок ќе го предводи Крстниот Пат во Колосеумот.

На Велики Четврток Светиот Отец во прифатниот центар за баратели на азил во областа Кастелнуово ди Порто ќе служи света Литургија Вечера Господова и по тој повод ќе ги измие нозете на дванаесетмина бегалци – извести надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација.

„Бог е милосрдие“ – е насловот кој кардинал Гвалтиеро Басети го избра за размислувањата на Крстниот Пат кој што на Велики Петок во римскиот колосеум ќе го предводи папата Фрањо. Во текстовите кардинал Басети истакнува како одговор на нашите стравови, страдања, прогони и насилства Бог на сите бесплатно им го нуди своето милосрдие. Во размислувањата за секоја од 14 постојки на Крстниот Пат потсетува на зборовите на свети Иван Павле II и размислува за тешкотиите на христијаните, кои се убиваат заради нивната вера и сите жртви на прогонот.

Кардиналот потсетува дека Христовото лице може да се види во странците посебно – истакнува во бегалците. Исто така поттикнува на молитва за семејствата во тешкотии: за паровите чиј брак е во криза, за луѓето кои останале без работа, за младите кои не можат да најдат работа. Во размислувањата исто така размислува за злоупотребата на децата и оние чие достоинство не е почитувано.

Во текстот на Крстниот Пат кардинал Басети ги спомнува примерите на модерните маченици како свети Максимилијан Колба и света Едит Штајн истакнувајќи ги како „вистински апостоли на современиот свет“. Напишал како љубовта, благодарноста и понизноста на свети Јосиф од Ариматеја кој на Христовото тело му пружил достоинствен погреб е спротивно на „перчењето, баналноста и сјајноста на погребението на моќниците на овој свет.“ Со затворањето на Исусовата гробница – истакнува кардиналот – смртта не победила затоа што во сенката на тој ерусалимски гроб Бог тивко „во човекот создал нова милост.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот