Кој служи со љубов на болните, Му служи на Исус

Кој служи со љубов на болните, Му служи на Исус

Верата делува најмногу преку љубовта – истакна Папата при посетата на детската болница Гаслини, во рамките на својата апостолска посета на Џенова.

Во текот на престојот во Џенова не можев да ја изоставам посетата на оваа болница во која се лекуваат деца – рече папата Фрањо. Бидејќи, трпењето на децата најтешко се прифаќа. Затоа Господ ме повикува да бидам барем кратко, блиску до тие деца и тие млади, како и до нивните родители.

Поздравувајќи ги сите вработени во таа – како што кажа – позната структура која веќе 80 години со ентузијазам и професионално се посветува на грижа за деца, Папата потсети на историјата на таа болница. Ја основал, лишувајќи се од своите добра, сенаторот Героламо Гаслини, во чест на својата ќерка која починала на мала возраст. Заради тоа таа болница, призната и ценета во Италија и во светот има посебна улога: и понатаму е симбол на великодушноста и солидарноста – рече Светиот Отец.

Основајќи ја болницата Гаслини истакнал: „Мојата цврста волја е во темелот и во водството на оваа установа да биде католичката вера (…) нека таа ја вдахнува секоја активност и нека утешува при секоја болка.“ Знаеме дека верата делува најмногу преку љубовта, а без неа е мртва – додаде папата Фрањо и ги охрабри присутните својата чувствителна работа да ја извршуваат поттикнати од љубовта, често мислејќи на милосрдниот Самарјанин од Евангелието, односно да бидат внимателни на потребите на малите пациенти, наведнувајќи се нежно над нивните слабости и гледајќи го во нив Господ. Кој со љубов им служи на болните, му служи на Исус кој ни ја отвора вратата на Царството небесно – рече на крајот Папата, повикувајќи Божји благослов за сите вработени, пациентите и нивните семејства.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот