Конклавите не се мистериозен ритуал од романите на Ден Браун

Ретко кога се случуваат вакви голем настани, кои континуирано ги завземаат местата на главните вести и траат повеќе од еден месец, како што се деновите од најавувањето за повлекуањето на Бенедикт XVI, испразнувањето на Петровиот Престол, како и најавата за почеток на конклавите и следењето на самите конклави. Големиот интерес го потврдуваат и над 5.000 акредитирани новинари, фоторепортери, сниматели и други медиумски работници. Големиот медиумски интерес во трката за сензационалност донесе и голем број на лаги, обвинувања, нагодувања…. во кој слободата на говор, гази врз чувствата на повеќе од милијарда верници. Сето тоа е пропратено и со разновидни шпекулации и анализи на „ватиканисти“ за можниот нов папа, но сето тоа се гледа од еден друг, субјективен агол, од перспекитва на светот. Тоа можеби најдобро го отслика португалскиот кардинал Хозе Сараива Мартинс истакнувајќи дека конклавите ниту се еден вид претседателски избори, ниту пак наликувааат на мистериoзен ритуал од романите на Ден Браун. Конклавите се под водство на Светиот Дух и тој ја дава динамиката.

Така она што е најважното во овој период често пати не доаѓа до израз во медиумите и се заборава дека конклавите сепак се еден духовен настан, настан на молитва. Кардинал Винко Пуљиќ во интервјуто за Хрватското Католичко Радио ќе изјави: „Конклавите се најсилните духовни вежби во кои сум ја доживеал Црквата од внатре.“

Но како и да е, деновиве што следуваат Црквата ќе го добие новиот папа, но затоа е потребна молитвата на Црквата. Сега веќе почесниот папа Бенедикт XVI во еден од своите последни говори ќе истакне: Сега грижата за Светата Црква да ја довериме на Врховниот Пастир, нашиот Господ Исус Христос и да ја повикаме светата Мајка Марија со својата мајчинска добрина да биде на помош на оците кардинали во изборот на нов папа.

Како верници да дозволиме ова време во Црквата да биде период на молитва и размислување, молитва до Светиот Дух, да покажеме близина со Кардиналскиот колегиум, кој се подготвува за една важна одлука за корист и доброто на целата Црква.

Папата Бенедикт XVI во својот говор до кардиналите на 28 февруари 2013 ќе истакне: „Христос продолжува да биде присутен во сите времиња и на сите места. Драги браќа да останеме соединети во ова таинство: во молитва, посебно преку светата Литургија и така да и служиме на Црквата и целото човештво. Тоа е нашата радост, која што никој не може да ни ја одземе. Христос живее.“ (го*ко)

 

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<