Колумбиски епископ ги повикува свештениците на мирно посредување

Колумбиски епископ ги повикува свештениците на мирно посредување

Епископот Хозе Роберто Оспина Леонгомез во пастирското писмо ги повика свештениците од својата бискупија Буга да бидат „мостови на мирот“ во Колумбија во која протестите против владата на претседателот Иван Дуке раѓаат се повеќе насилство.

Епископот Леонгомез го осуди насилството кое ја потресува земјата. Медиумите пишуваат дека во градот Тулуа во вторникот вечр мирните протести ескалирале во конфликт откако некои меѓу демонстрантите фрлале камења на безбедносните сили. Полицијата возвратила со истрели и притоа животот го загуби осумнаесетгодишен студент. Со неговата смрт бројот на лица кои се убиени од почетокот на протестите се искачи на 44, главно цивили.

Епископот изрази солидарност со сите жртви и го осуди секој облик на насилство и непочитување на достоинството на човекот и правото на живот без разлика од која страна доаѓа. Ги повика свештениците да организираат молитвени денови и да бидат „мостови на дијалогот“ за да ги поттикнат луѓето на меѓусебно слушање и барање на решенија. „Сите мора да се чувствуваме дел од решенијата и да се откажеме од нетрпеливоста и дискриминацијата“ порачува епископот во пастирското писмо.

Иако е повлечен предлогот за даночни реформи кој на крајот на април предизвика протести во целата земја, тие продолжуваат и сега се насочени генерално против владата во земјата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот