Колку пати Исус им се објави на своите ученици по воскресението?

Колку пати Исус им се објави на своите ученици по воскресението?

Откако Исус воскресна од мртвите, им се објави на своите ученици во многу прилики. Ова тој не го стори само во еден ден, туку во деновите помеѓу неговото воскресение и вознесение на небо. Колку пати поточно?

Технички гледано, не знаеме колку пати Исус им се објавил на своите ученици во текот на овие 40 дена. Самиот Иван објаснува дека евангелските извештаи не се целосен историски запис: „И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга“ (Иван 20,30).

Сепак, евангелијата забелжуваат неколу објавувања на учениците. Се на се, запишано е дека Исус им се објавил 10 пати на своите ученици во воскреснатото тело.

Марија Магдалена

Исус ѝ рече: „Марија!” Таа се заврти и Му рече: „Равуни” – што значи „Учителе!” 17. И рече Исус: „Не допирај се до Мене, оти уште не сум се вратил при Мојот Отец; туку отиди при браќата Мои и кажи им: се враќам при Својот Отец и вашиот Отец, при Својот Бог и при вашиот Бог” (Иван 20, 16-17).

Други жени (можеби Марија Клеопова, Марија, мајката на Јаков и Иван)

И како излегоа брзо од гробот, тие со страв и голема радост отрчаа да им соопштат на учениците Негови.  Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус ги пресретна и рече: „Радувајте се!” А тие се приближија, ги опфатија нозете Негови и Му се поклонија. 10. Тогаш Исус им кажа: „Не бојте се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат” (Матеј 28, 8-10).

Двајцата ученици на патот за Емаус

Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии;. и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани.. И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив; но очите им се замрежија за да не Го познаат (Лука 24,13-43).

Додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана среде нив и им рече: „Мир вам!” (Лука 24,36).

Свети Петар

„Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани единаесетте и оние што беа со нив, каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симона (Лука 24,33-34).

Учениците

А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: „Мир вам!” 27. Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!” 28. Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!” 29. Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале!” (Иван 20, 26-29).

Седумте ученици

Потоа пак им се јави Исус на учениците Свои кај Тиверијадското Море. А тоа се случи вака: 2. Беа заедно Симон Петар и Тома, кого го викаа Близнак, и Натанаил од Кана Галилејска, и Заведеевите синови, и двајца други од учениците Негови (Иван 21, 1-2).

Петстотини ученици

После им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа; (1. Коринтјаните 15,6).

Свети Јаков и Апостолите

Потоа му се јави на Јакова и на сите апостоли (1. Коринтјаните 15,7).

Пред Вознесението

И ги изведе надвор во Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога (Лука 24, 50-53).

Алетеја/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот