Колку ни се важни свештениците?

Колку ни се важни свештениците?

Честопати ние верниците премногу малку знаеме за нашите свештеници, освен секако, ако треба да ги критикуваме или осудуваме.

Малкумина се оние кои ја сфаќаат важноста на добрите свештеници, а уште помалку оние кои сфатиле дека многу малку од нив без нашата љубов и нашите молитви навистина ќе успеат да бидат добри. Нека овој текст барем малку ни ги отвори очите. (…)

Тоа може да ни изгледа чудно само тогаш кога не сме свесни за важноста на свештеничкиот повик, кој е неодделно поврзан со повикот и на нас верниците. Ние сме имено царско свештенство („Но, вие сте род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени, за да ги возвестите совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својата чудна светлина;“ 1Пт. 2, 9). Испратени сме да бидеме сол на земјата и светло на светот, а целта ни е „царството Божјо, кое започнало на земјата од самиот Бог и кое треба да се шири и понатаму, додека на крајот на времето Бог нѐ не доведе до совршенство“.

Во тоа свештеничко, царско и пророчко послание неотуѓиво сме повикани на светотаинско свештенство – Исусовите свештеници, кои преку силата на светите Тајни кои им се дадени, преку своите благословени и посветени раце, благословуваат и го посветуваат и секое наше послание или повик.

„Дури кога ќе ни е тешко, откриваме колку тешко е да се најде ДОБАР СВЕШТЕНИК!“.

Во секојдневниот, мирен живот можеби многу за тоа не размислуваме за свештениците, но знам дека кога ќе ни стане тешко, кога се соочуваме со проблеми, болест, крст, а посебно во психички или духовни потешкотии – и тоа како чувствуваме потреба за квалитетен душогрижник, кој со разговор, совет или молитва ќе ни објасни полесен пат, за да се отстранат заканите и ќе нѐ води до ослободување. Дури кога ќе ни е тешко, откриваме колку е тешко да се најде ДОБАР СВЕШТЕНИК! (…)

„Токму затоа што се многу важни, против свештениците и посветените лица се води вистинска духовна и медиумска војна – се со цел да се дискредитираат повеќе, морално да се уништи или телесно да се убијат.“

Како тоа? Ние христијаните веруваме дека кога Бог Создател ја повикува личноста во постоење – во живот, врз основа на тој негов план се остварува и Божјиот план за таа личност. Така, во моментот на зачнувањето секој од нас добива и некоја сопствена мисија, послание или повик. За жал, и сатаната може да види на што Бог ја повикува таа душа, а ако види дека таа душа е посебна и важна во Божјиот план за спасение, презема сѐ за до раѓање на таквата личност и воопшто да не дојде. Најчесто ги става родителите на искушение дека тоа дете ќе им биде непосакувано, непланирано и им нуди решение за абортус. Или после раѓањето да прави сѐ да биде во проблеми и болести во семејството и животот на тоа дете да се отежнува или уништува.

Лично сум слушнала доста сведочења од самите свештеници и посветени лица за тоа како нивните родители не сакале или не планирале, а тие сепак со чудо и Божја волја дошле на овој свет преку својата посветеност да посветуваат. Едно такво сведоштво слушнав пред некој ден и сакам да го споделам со вас, дека сите би требало уште еднаш да станеме свесни колку е Голем нашиот Бог.

Свештеникот Н. Н. дојде во Меѓугорје како придружник на една италијанска група поклоници. Завршува некој теолошки докторат во Рим, а инаку е по потекло од Бразил, поточно од Сан Паоло. Потекнува од многу сиромашно семејство, кое живеело во тамошен сиромашен кварт, таканаречени фавели. Бидејќи таткото добил малку подобра работа во внатрешноста на Бразил, семејството се преселило. Но, со доаѓањето на парите дошол и нередот во семејството: излегувања на таткото, други жени, алкохол… Во таква ситуација, пред се со две деца, жената забременила и со третото дете. Гледајќи на својата мизерна брачна состојба, не се чувствувала храбро да го донесе новото дете на свет. Отишла кај докторот и договорила абортус. После примањето на инекцијата која требала да го убие детето, докторот ја испратил дома. „Наместо тоа – вели свештеникот со солзи во очите – „еве ме овде пред вас!“ И продолжува дека мајката никогаш не си простила што сакала да го отфрли. Секогаш кога го гледала, почнувала да плаче и на сите им зборувала: „Ова е мојот син, кој јас го абортирав!“ Дури во моментот на свештеничкото ракополагање оваа болка и жал во мајчиното срце исчезнала – завршува свештеникот.

И додека низ интернет се појавуваат статии кои предвидуваат почеток на апокалипсата во 2017 година(…) за нас е само важно да знаеме дека без светите свештеници ќе биде тешко да се преживеат деновите на животот, затоа што секој наш следен чекор може да биде последен. Затоа да се разбудиме и да почнеме да молиме за свештениците… (…)

Паола Томиќ/к.мк

Фото: Jim Wanderschei од Pfarrbriefservice.de

Категорија: Вера, Сведоштва
Ознаки свештеници

За авторот