Колку вреди една света Литургија?

Во една продавница, во Луксембург, влегла една сиромашна жена која побарала парче месо. Кажала дека нема пари да плати. Покрај нea стоел чуварот на продавницата, кој исто така останал рамнодушен на нејзината молба.

Месарот ја прашал: “Парче месо? Со што ќе го платите?” Жената смирено одговорила: “Пари немам, но за вас ќе дадам да се служи една света Литургија.”

Двајцата мажи, невернициѝ се потсмеваа.Месарот смеејќи се ѝ одговорил: “Договорено! Одете, госпоѓо во црква на Литургија, а јас ќе ви дадам толку месо колку што ќе тежи на вагата  таа ваша Литургија.”

Жената мирно излегла од продавницата и отишла в црква. После некое време се вратила и му дала на месарот еден лист на кој пишувало: Дадов да се служи една света Литургија за вас!Месарот го ставил листот на едната страна од вагата, а на другата страна ставил една коска како да и се потсмева.Стрелката на вагата не се помрднала ниту грам.Тогаш ставил и парче месо – и пак ништо.Месарот го тргнал листот од вагата и проверил дали работи вагата.Се било во ред.Повторно го ставил листот на едната страна од вагата, а на другата страна ставил големо парче шунка. Ни овој пат стрелката не се поместила.

Го видел сето ова месарот и наеднаш станал сериозен. Сфатил дека нема доволно месо во продавницата со кое би можел да го исполни своето неразмислено ветување, но сфатил и дека со Господ не треба да се исмејува. Ѝ го подарил жената сето тоа што го ставил на вагата и ѝ ветил дека во иднина секој ден ќе добива бесплатно парче место.Тој ден месарот се преобратил. Чуварот во продавницата беше мојот татко.По овој настан и тој се преобрати. Речиси секој ден,со голема понизност, одеше на света Литургија.И нас децата нѐ поттикнуваше често,собрано, со вераи доверба да одиме на светата Евхаристискатајна.Како резултат на таквото образование јас и уште двајца мои браќа станаме свештеници.

о.Станислав, мисионер на Пресвето Срце Исусово

Часната сестра Вероника Марфи ова вистинито сведоштво го слушнала од постарата чесна сестра, а таа пак лично од устата на о. Станислав.

Битно.нет/Стефанија Ристова

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот