Кои се телесни дела на милосрдието?

Кои се телесни дела на милосрдието?

Телесните дела на милосрдие се темелат на Исусовите зборови во Евангелието по Матеј, каде Исус зборува за одвојувањето на овците и козите. Католичката црква честопати зборува за „телесни дела на милосрдие“.

Кои се телесните дела на милосрдие?

Катехизмот на Католичката црква објаснува дека, „Делата на милосрдие се добротворни активности со кои помагаме на нашиот ближен во неговите духовни и телесни потреби“ (ККЦ 2447).

Посебно, „телесните“ дела на милосрдие се темелат на зборовите на Исус во Евангелието по Матеј.

А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,. и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите; и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата. Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: »Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот; оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене“ (Матеј 25,31-36).

Овие дела на милосрдие се важни конкретни и опипливи начини преку кои можеме да го следиме Исусовиот пример и да ја живееме својата христијанката вера.

Црквата ги набројува телесните дела на милосрдие на следниот начин:

Нахрани ги гладните; напој ги жедните; прими ги бездомниците; голите облечи ги; болните и затворениците посети ги; починатите погреби ги.

Секое од овие дела на милосрдие може да се извршат на повеќе начини и не постои строга дефиниција, туку е со поширок опсег. На пример, не мора физички да ги погребите мртвите за да го завршите овој чин на милосрдие. Да се организира погреб на член на семејство или пријател е пример за неговото исполнување.

Во својата порака за Светскиот ден на грижа на заедничкиот дом, папата Фрањо предложи да се додаде осмо телесно дело на милосрдие.

Како телесно дело на милосрдието, грижата за нашиот заеднички дом бара „едноставни секојдневни дела кои ја прекинуваат логиката на насилство, експлоатација и себичност“ и „се дава до знаење дека со секое дело сака да се изгради подобар свет.“(исто, 230 -31).

Алатеја/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот