Кога ќе можеме да правиме големи работи?

Кога ќе можеме да правиме големи работи?

„Ти си скапоценост, затоа што никој во историјата на човештвото не бил како ти. И само затоа ти можеш на светот, државата и на себе да дадеш тоа што во тебе Бог го ставил. Ги слушаш ли заканите на луѓето, нивните озборувања и клеветења, охрабри се и знај дека си на вистинскиот пат.“

За чесен и хуман живот потребна е храброст. Ако би им угодувал на луѓето и би очекувал тие да те фалат, ќе се изгубиш себе си, мирот, но и својата благосостојба, умот и иднината. Луѓето се подложни на гревот и злите преку гревот управуваат против луѓето кои сакаат да се определат за чесен Божји живот. Силите на мракот се трудат на оваа земја што повеќе светла да изгасат. Негативните зборови, злите дела, лошите мисли, извалканата фантазија, кривите потези и грешки, се простори со кои се служат злите сили за да го уништат доброто, животот, мирот и слободата.

Кои луѓе се „генијални“?

Кога во тебе не успеваат да го изгаснат светлото, кога не успеваат да те изнесат на злото и да те заведат на криви патишта, на псовка и алкохолизам, на омраза и озборување, кражби и проневери, ќе се обидат да те сопрат со озборување: клевети и закани. Во животот најопасен е човековиот обзир. Најопасно е да се сака да се прави онака како што другите сакаат. Затоа што, луѓето, подложни на грев, се завидливи, љубоморни и секогаш мислат дека се попаметни од тебе и твојот пат. Треба да бидеш многу дискретен и цврст на патот по кои што си тргнал, секогаш да се поврзуваш со Бог низ молитвата, постот, покората, светите Тајни, за да би успеел да се искачиш кон светлото.

Човековиот обзир уништил многумина. Колку луѓе паднаа во депресија, прекинаа во чекорењето на патот, се тргнаа од вистинската патека, само затоа што другите ги озборувале или дури и им се заканувале. Заборавиле дека ти си оригинал, дека тие луѓе не те ставиле во светот и дека твојата иднина не зависи од нив. Ќе направиш нешто големо во животот, ќе станеш славен и свет, ќе станеш пример на другите доколку можеш да не се осврнуваш на никого, туку да го следиш гласот на својата совест и Божјото Слово пред себе. Штом почнеш да помислуваш дека е важно да го правиш тоа како што другите мислат дека треба да го правиш, ти ќе паднеш. Генијалните луѓе се оние кои имале храброст да одат по сопствениот пат не слушајќи ги другите и светот што зборува. Генијалните луѓе се луѓе кои имале храброст да ги ископаат сопствените таленти и со нив да градат и работат не прашувајќи што другите за нив мислат.

„Ги слушаш ли заканите од другите луѓе, нивното озборување и клевети, охрабри се и знај дека си на вистинскиот пат…“

Затоа што ќе дојдат твоите најблиски, кои ќе ти кажат дека требало да избереш друга професија, а не онаа што ја имаш, дека би требало различно да се ожениш, дека би требало различно да работиш, дека она што го правиш не носи пари ниту животно задоволство. Но, ти знаеш дека имаш единствена совест, и дека е само еден Бог и дека имаш еден живот на земјата, ти знаеш дека тој Бог ги дарувал твоите таленти и дека твојата среќа е само во тоа да вложуваш и од себе да извлечеш стострукото. Ти си скапоценост, затоа што никој во историјата на човештвото не бил како ти. И само ти можеш на светот, државата и на себе да го дадеш тоа што Бог во тебе го ставил. Ги слушаш ли заканите на луѓето, нивното озборувања и клевети, охрабри се и знај дека си на вистинскиот пат. Но, не се осврнувај ниту лево ниту десно, не ги гледај луѓето, туку напред кон Бога и кон својата совест. Ако се завртиш кон луѓето, ќе пропаднеш и во овој и во вечниот живот. Ако се исплашиш од нивните закани, тогаш веќе нема кој да те заштити. Единствената шанса е да останеш сигурен и спасен гледајќи напред, одејќи на својот пат и очекувајќи помош од Бога…

Дел од книгата „Толку малку е потребно“ автор проф. Томислав Иванчиќ/Боок.хр/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот