Кога љубиш многу

И така некои фарисеи го повикаа Исус да јаде со нив, го повикаа во своите домови. Исус се согласи, и тргна со нив и влезе во куќа на фарисеот и седна на масата.

Го следам Исус во секое негово движење, секој негов гест, израз на лицето, погледот и секој негов збор. Исус во тие моменти како да дозволува фарисеите да влезат во неговата присутност, Исусовата присутност, да дозволат да бидат опфатени од Христовиот Дух, да се ослободат и да се оставари „жива комуникација“. Бидејќи Исус е тука во фарисејска куќа и не само тоа – седел со нив заедно на масата. Фарисејот тоа го признал и му дозволил. Но, дали сака да остане само на тоа? Или ќе продолжи понатаму? Дали сака да остане на дипломатија и префинет говор и работа или ќе се случи животна средба, животворна средба, преобраќање во нов живот?

Дали е доволно само да го пуштиме Исус во својата куќа, во својот стан, во својата соба? Дали ја имаш Неговата жива присутност во својата соба, стан или каде и да престојуваш. Светото Писмо е тука, крстот на ѕидот, бројаницата на маса, добри духовни книги при рака, свети икони, свеќи… Тој е тука, а дали ти си со него? Дозволи да се оствари средба –  да не остане на страна од тебе, туку да биде твојот живот, да се всели во твоето срце, да се вкорени, да комуницира, да не изостанува средбата, непрекинато, цврсто, растејќи и градејќи. Да бидеш проникнат во Него, а Тој да ти биде извор на нов живот.

Фарисеите мораат нешто да иницираат, и ние често нешто треба да потикнеме. И тогаш се случува изворедна сцена: познатата грешница во градот доаѓа во фарисејската куќа. Исусовата присутност ја прави можна таа работа. И таа застанува до неговите нозе, целата расплакана почнува со солзите да му ги мие нозете: со косата да ги брише, да ги бакнува и ги помазува со миро.

Се случува откривање на срцата. Фарисејот ладен, затворен, не се помрднува, не реагира на потикот, ниту пак Хрисовата присутност не го допира. Грешницата пак скршена и потполно обземена и зафатена од присутноста на љубовта Христова се препушта на преобраќање, чистење, „го грабнува живот“ и се што има: своите гревови, своите солзи, својата коса, своите целиви и мирото. Се спушта до нозете Исусови: ги признава своите гревови, своите слабости, своето ропство, своите окови, својот јад и беда – ја предава својата смрт. Со своите солзи – во длабочината на својата внатрешност, на своето битие, за своето срце бара место кај Господ, се моли, преколнува за милост, за живот. Својата коса, својата гордост, која била во служба на смрта и ропство сега се става и враќа во рацете Божји, во рацете на својот Создател кој и ја враќа и обновува смислата. Со своите бакнежи го љуби оној кој е самиот љубов, го препознава и Нему му се дарува. И луѓето ја отргнуваат – тој е Господ, Цар, Господар, Спасител и Откупител.

Каква поука и какво училиште за преданоста и љубовта, преобраќањето, тргнување во нов живот. Простени и се гревовите бидејќи љубеше многу. Предај се во тоа училиште и научи се, да љубиш и љубиш многу!

Автор: п. Себастијан Шујевиќ

Превод: Д.И.

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<