Коагулираната крв на свети Јануариј во присуство на Папата стана полутечна

За време на посетата на папата Фрањо во катедралата во Наполи во сабота 21 март, се случи чудо со „Крвта на свети Јануариј”, кое инаку вообичаено се случува само на три одредени датуми во годината.

Откако Папата ја зеде и бакна ампулата со коагулираната крв на свети Јануариј маченик на Црквата од 305 година, таа стана течна. Откако забележаа дека коагулираната крв станала полутечна кардинал Сепе се обрати на народот: „Ова е знак дека светецот го сака Папата, кој е наполитанец како нас“.

Папата Фрањо со блага насмевка одговори: „Архиепископот рече дека крвта станала полутечна. Тоа значи дека светецот мисли дека до половина сме преобратени. Затоа сите ние треба уште малку да се преобратиме за да нѐ сака уште повеќе”.

Вообичаено овој феномен се случува само на три датуми во годината: На празникот на свети Јануариј, 19 септември, денот пред првата недела во мај и на 16 декември, на спомен денот од предупредувањето пред ерупцијата на Везув во 1631година.

Катнет/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

 

Категорија: Ватикан

За авторот