Кнок: Богородичното срце на Ирска го очекува папата Фрањо

Кнок: Богородичното срце на Ирска го очекува папата Фрањо

Во Ирска започна деветницата до Богородица од Кнок. Нејзината овогодинешна тема е поврзана со Светската средба на семејства во Даблин и гласи: „Вера и семејство“. Папата Фрањо на 26 август 2018 година ќе го посети ова богородично светилиште.

Кога папата Фрањо ќе го посети во недела 26 август богородичното светилиште во Кнок, Ирска, ќе направи гест кој милиони Ирци веќе со генрации го прават скоро 150 години. Во тоа мало место сместено на северозападниот дел од островот, кое е поврзано и со заштитникот на Ирска свети Патрик, чука богородичното срце на католичка Ирска.

Објавувањето на Богородица

Тоа се случио на 21 август 1879 година, кога на тоа место, за време на силен дожд, 15 лица на различна возраст, помеѓу 6 и 75 години, ја виделе Богородица на работ од кровот на едноставната парохиска црква. Покрај Богородица, што навистина е единствен случај, се појавиле уште два лика за кои се смета дека биле свети Јосиф и свети Иван Богослов. Според преданието, лицата на кои им се обајвила, останале уште два часа во молитва на дождот, при тоа не намокрувајќи ги, а ликовите стоеле во тишина, а потоа исчезнале.

Ирската вера се зацврстува со богородичната побожност. Неколку седмици по тој настан, кој се рашити низ цела Ирска, црковните власти именувале комисија која потврдува дека сведоштвата на луѓето се „веродостојни и сигурни“. Така започнува посебната историја на Кнок, во која покрај незаборавната посета на свети Иван Павле II во 1979 година, кога присуствуваа скоро еден милион верници – папата Фрањо ќе додаде уште едно важо поглавје.

Во многу краток временски период Кнок за Ирците стана незаобиколно место за поклонение. Секоја година го посетуваат 1,5 милиони верници. Осен тоа за тоа место се поврзани и моменти од современата ирска историја. На пример во август 1940 година 50.000 Ирци учествувале во Поклонението за мир во светот и Ирска. А во 1954 година по повод Маријанската година која ја прогласи Пио XII повеќе од милион поклоници се собрале во Кнок каде по желба на папата Пачели, е крунисана статуата на Богородица.

Стотина години по обајвувањето покрај црквата е изградено големо светилиште. Камен темелникот го благослови папата Павле VI во 1973 година, а светилиштето е инаугурирано шест години покасно, 18 јули 1979 година. Интересно е што структурата на светилиштето се потпира на 32 столба, кои ги претставуваат 32 ирски региони.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот