Кито во Еквадор ќе биде домаќин на 53. Меѓународен евхаристиски конгрес

Кито во Еквадор ќе биде домаќин на 53. Меѓународен евхаристиски конгрес

Следниот Меѓународен евхаристиски конгрес ќе биде посветен на Латинска Америка и вредностите на евхаристијата за евангелизацијата.

Со одобрение на папата Фрањо, Надбискупијата Кито во Еквадор ќе биде домаќин на 53. Меѓународен евхаристиски конгрес, кој ќе се одржи во 2024 година, по повод 150. годишнината од осветувањето на земјата на Пресветото Срце Исусово. Веста ја објави Папскиот комитет за меѓународни евхаристиски конгреси, во соопштението во кое се нагласи и целта на оваа „голем црковна средба“, која има за цел  да ја покаже плодноста на Евхаристијата за евангелизацијата и обновување на верата на латиноамериканскиот континент.

Во меѓувреме, се вели во соопштението, продолжуваат подготовките за следниот Меѓународен евхаристиски конгрес, кој ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија, од 5 до 12 септември оваа година, на кој, како што самиот објави на прес-конференција во авионот при враќањето од Ирак, ќе присуствува папата Фрањо при што ќе ја предводи завршната света Литургија.

Унгарските бискупи веднаш ја изразија својата радост и во присуството на Папата препознаа силно духовно охрабрување. И во нивната земја, како и во целиот свет каде има здравствена криза, иднината е сè уште неизвесна, но подготовките за конгресот продолжуваат, како што потврди кардинал Петер Ердо, надбискуп од Острогонија-Будимпешта, во интервју за Радио Ватикан. Иако во ова време, поради пандемијата во Будимпешта, светите Литургии со присуство на верниците се суспендирани – рече тој – црквите не се затворени и има луѓе кои доаѓаат да се молат пред Светата Евхаристија. Трогателно е да се види колку многу луѓето се жедни и гладни за Евхаристијата – рече кардиналот Ердо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот