Католичкото мајчинство е понизно: Ова е вистината за носењето на крстот

Католичкото мајчинство е понизно: Ова е вистината за носењето на крстот

Превземањето на крстот не е лесно. Прекрасно е, но тоа бара смрт за себеси. Авторката Colleen Duggan ги споделува сопствените борби со понизната природа на католичкото мајчинство.

За четиринаесете години родителство, еве што научив:

Научив дека моите деца најверојатно ќе се неволни кога ќе им кажам да ги измијат садовите, исперат алиштата или да ги соберат чевлите.

Научив дека моите пред-тинејџери и тинејџери ќе имаат емоционална криза и волја – a во моменти на слабост –ќе ми одвратат со зборови.

Научив дека моите мали деца ќе имаат изливи на бес, создавајќи нуклеарни сцени во најнеповолно време на најјавни места.

Научив дека родителството е тешко и го бара најдоброто од мене и штом ќе откријам како соодветно да се справам со проблемот на однесувањето на едно дете, друго се издига со друг проблем.

Ги научив овие работи, а сепак …. знаат да ме изненадат.

Неодамна прочитав дека кога се соочуваме со нечие одреденo однесувањe, можеме да знаеме дека еднаш било чиста среќа, два пати било случајност, но три пати веќе прават шема. Со други зборови, ако постојано се соочуваме со нечие однесување, таа тенденција на однесување може да делува како предзнак за нас да го промениме нашиот одговор кон таа личност.

На пример, тинејџерскиот темперамент е нешто со што сум се сретнала повеќе од три пати во мојата куќа.

Тоа е шема.

Меѓутоа, мојата емотивна реакција на тинејџерите не мора да биде дел од шемата. Јас не треба лично да го сфаќам тинејџерскиот темперамент (особено затоа што, според моето искуство, ретко кога е личен).

Можам да направам нешто поразлично од тоа да држам лекции, да убедувам или засрамувам.

Кога се соочувам со тинејџерскиот темперамент, можам да го променам мојот став – можам да го игнорирам, можам да останам смирена и пријатна во лицето на суровоста, па дури и да се обидам да го разберам детето. Можам да ја напуштам мојата тенденција да бидам изненадена или лута и можам да ги прифатам моите деца за тоа кои се тие и каде се тие во нивниот развој. Можам да побарам од Бога да ми покаже што треба да научам, како би требало со љубов да им одговорам или дали воопшто би требало да одговорам.

На хартија, ова звучи како прекрасна идеја, без многу мудрост. Лесно како еден и еден.

Но, во реалноста? Се бара да умрам во себеси.

Христијански кажано, прифаќањето на тешкотиите кои ни се наметнати од другите се нарекува превземење на крстот.

И превземањето на мојот родителски крст е многу тешко, бидејќи бара промена – моја промена, а не промена на моите деца (или мојот сопруг). Потребна е дневна смрт на себеси, резбање на себе одвнатре нанадвор.

Моето его ја отфрла и одбива таквата промена.

Духовните писатели, вклучувајќи ме и мене овде, понекогаш го претставуваат крстот – кој е инаку казна што не би ја избрале сами во животот – како лесен танц што можеме да го одиграме без пракса.

Но, тоа е неточна слика да се наслика.

Таа е плитка, лесна и го превидува она што е потребно кога се согласуваме со товарот. Сликите, книгите и блоговите на Instagram кои ги прикажуваат слатките аспекти на родителството ја прават истата грешка. За да го презентираме подигањето на крстот како прошетка во паркот или родителството како низа радосни моменти наназад, занемарува огромен дел од приказната.

Го занемарува радикалниот повик на светост до родителите, кога се принудени да се соочат со тешки ситуации на родителството, кои бараат да ја напуштиме нашата желба да контролираме, поправаме, манипулираме или да биде по наше.

Кога ги презентираме само топлите и нејасни аспекти на воспитувањето на децата, ја пропуштаме личната покана што Христос ни ја дава за да седнеме со него во градината Гетсиманија, да плачеме солзи од крв и да одиме заедно со Него на патот до Неговото распнување.

Го пропушта повикот да ги прифатиме нештата какви што се, а не какви што би сакале, што е примерот на Исус Христос, кој ни го постави.

Лесно е да се превиди повикот на Христос да научиме нови начини на живеење преку овој повик на родителство (и сите ние сме повикани на нови начини на живеење. Ако не бевме, тогаш веќе сите би биле светци).

Примамливо е да ги гледаме нашите деца како проблем, а истовремено не успеавме да погледнеме каде сме ние виновни или како можеби го влошуваме овој проблем. Лесно е да се држиме цврсто до нереални очекувања, да ги игнорираме моментите кога не сме успеале и да наметнуваме решенија кои никогаш нема да функционираат. Лесно е да се инсистира сите околу нас да се променат, за да можеме ние да бидеме среќни.

За четиринаесете години родителство, еве што, исто така, научив:

Никогаш нема да можам да ги променам моите деца (иако можете да се обложите дека сум се обидела.)

По четиринаесет години родителството, сега знам дека можам само самата да се променам.

Но, оваа промена бара од мене да го земам крстот: да го напуштам моето его, себичноста и желбата нештата да бидат по мое.

Потребна е моја смрт и оваа смрт е бавна, болна.

Тоа боли.

Тежината на крстот ме изморува.

“Се разбира, има и утеха и радости”, пишува Дороти Дејвид за родителството во нејзината книга “На поклонение”. “Бебињата и малите деца се чиста убавина, љубов, радост – највистинската на овој свет. Но, има и трње – од ноќните бдеења, од болестите, од бебешката тврдоглавост и самоволја. Ова се глетки на небото и пеколот. “

Сум видела и небо и пекол во моите родителски денови, а пеколните денови се уште понепријатни кога одбивам да ја оставам сета моја гордост, его, удобност – и да го следам Него.

“Боже, јас Ти се предавам – да градиш со мене и да создаваш со мене според Твојата волја. Ослободи ме од ропството од себеси, за да можам подобро да ја вршам Твојата волја. Отстрани ги моите тешкотии, за победата над нив да може да сведочи на оние на кои би им помогнала со Твојата моќ, Твојата љубов и начинот на живот. Секогаш нека ја вршам Твојата волја. “

Colleen Duggan/к.мк/Кате М.

Категорија: Вера, Семејство

За авторот