Католичките волонтери во Индија ги ризикуват животите за да им помогнат за заболените

Католичките волонтери во Индија ги ризикуват животите за да им помогнат за заболените

„Состојбата е таква што многу пациенти умираат заради недостаток на грижа. Сами не можат да јадат, а нема никој кој би ги хранел. Заради тоа се вклучивме за да им помогнеме на овие пациенти“, раскажува дон Анил Д’Са.

Индија моментално е најголемото жариште на пандемијата од коронавирусот, а неодамна во таа земја помина бројката од 250 илјади починати од болеста Ковид-19.

Капацитетите на болниците и на медицинскиот персонал се надминати, па како помош доаѓаат волонтерите кои доброволно се изложуваат на ризик за да се грижат за другите.

Една таква група волонтери е организирана во надбискупијата Бангалоре. Посебниот тим за грижа за заразените се состои од млади лаици, свештеници и чесни сестри кои даваат поддршка на преполните болници.

Бангалоре инаку е главен град на државата Карнатаке сместен на југот на Индија во која до сега се забележани околу 2 милиони случаи на заразата.

„Состојбата е таква што многу пациенти умираат заради недостаток на грижа. Сами не можат да јадат, а немаат никој кој би ги хранел. Заради тоа се вклучивме за да им помогнеме на овие пациенти“, раскажа дон Анил Д’Са водач на пасторал со млади во надбискупијата.

Дон Д’Са рече дека и покрај пропишаната опрема волонтерите се свесни дека го ризикуваат својот живот и здравје за да им помогнат на другите, но нагласува дека доволно се пријавиле. „Доаѓаат сами од себе затоа што сакаат да служат,“ истакнува тој.

Иако е еден од најголемите произведувачи на вакцини, во Индија се вакцинирани само 2,6% од популацијата, што на големо придонесува за ширење на заразата. Сепак и покрај тешката ситуација дон Д’Са вели дека во неговата земја може да се види Божјата рака на дело.

„Сѐ уште можеме да ја сведочиме Божјата љубов посебно во овие моменти на криза. Барем можеме да им пријдеме на луѓето во потреба и тоа ќе го исцели светот.“

За тешката ситуација во Индија неодамна зборуваше и епископот Теодор Маскаренас кој нагласува дека земјата тешко се носи со пандемијата.

„Пред пет дена загубив свештеник кој имаше 30 години ракоположен пред година дена. И тоа боли.“

„Но уште поболно е она што се случува околу нас. Недостаток на болнички кревети, недостаток на лекови… Можете ли да замислите во каква состојба се сиромашните. Тие дури не можат своите болни да ги однесат во болница“, рече епископот Маскаренас.

„На своите богослови постојано им зборувам… ракоположени сме за да служиме и ако нашето служење може да биде како Господовото служење, не може да постои ништо подобро,“ рече епископот.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот