Католици.мк одржаа состанок во Струмица

Во сабота 14 февруари во просториите на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се одржа состанок на соработниците на Католици.мк. На него стана збор за втората година од постоењето на страницата, достигнувањата и новите предизвици кои престојат. Поради новиот дизајн на интернет страната на Радио Ватикан македонска програма, кој е во подготовка се воведуваат нови стандарди, кои на оваа средба беа презентирани и разгледани. За потсетување, Католици.мк е во взаемна соработка со Радио Ватикан македонска програма.

На крајот од присутните беа дадени конструктивни предлози и идеи за понатамошен развој на страницата.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот