Карлота Нобилe: Туморот ја излечи мојата душа

Карлота Нобилe: Туморот ја излечи мојата душа

Може ли некој да стане светец за само неколку месеци? Ова е приказната за Карлота која својот крст го носела радосно.

На Цветници 2013 година папата Фрањо до младите, собрани на годишната средба на млади на плоштадот Свети Петар во Рим, вели: „Не срамете се од Неговиот крст! Уште повеќе, прегрнете го затоа што сте разбрале дека во дарувањето на себе си, во излегувањето од себе си, пронаоѓаме радост, и дека, со својата љубов, Бог го победи злото.“

Карлота Нобилe ја следела настанот преку телевизискиот екран во својот дом во Беневенута Италија. Сѐ и станало јасно кога ги слушнала зборовите на Папата. Нејзината болест, нејзиното страдање и нејзиниот живот, на 22 години, веќе му се ближел крајот.

Талентирана уште од мала, оваа виолинистка, признаен изведувач на концерти, била студентка на уметност не само на римската Ла Сапиенца, туку и на факултетот Луис, Кембриџ и институтот Сотхебс во Њу Јорк и авторка на две книги.

Сѐ до тој момент, Карлота Нобил трчала низ животот додека ветерот дувал низ долгата плава коса поради која повеќе изгледала скандинавски отколку медитерански.

„Јас сум како река“, напишала во 2007 година, „која, за да стигне до морето, секогаш го избира најдолгиот и најтешкиот пат. Најболниот. Можеби затоа што, длабоко во себе, верувам дека лесната победа е исто како да си изгубил. И дека да се изгуби е невозможно – како и да се победи. Само треба да се проба. Мојот живот беше токму тоа: предизвик. И мислам дека ќе биде таков засекогаш.“

Кога Карлота дознала дека има тумор, сфатила дека болеста е предизвик кој треба да го надмине. Во април 2012 година направила Фејсбук страница под називот: „Рак, и потоа…“ на која што ги објавувала своите размислувања, делејќи ги со оние кои поминувале низ истата борба, нудејќи им помош и морална подршка. Споделила со своето „второ семејство“ на социјалните мрежи „извонредни работи“ кои и се случиле после хоспитализацијата во Милано и „после вестите за метастазирањето, освен на градите и црниот дроб, исто и на мозокот.“

Напишала: „Ја пронајдов верата и преданието; верата дека крстот на овој тумор е неверојатна прилика за раст на самата мене, иако кога тогаш сите кои имаме тумор знаеме колку е тешко да се живее со него. (…) Начинот на кој што живеам со овој тумор (токму сега, кога е најагресивен) стана и неверојатно смирен и полн со доверба. (…) И сето тоа благодарение на верата и неверојатниот говор на Папата, што вели дека младите треба радосно да ги носат своите крстови.“

Оние блиските на Карлота, нејзините родители, саканиот брат Матео и нејзниот вереник Алесандро, нејзините пријатели станале сведоци на нејзината исклучителна вера, нејзиното безусловно препуштање на Бог, која што го изразувала секојдневно преку молитвата Оче наш.

На својата Мајка, учителката по виолина, која ѝ ја пренела љубовта кон тој инструмент, Карлота ѝ пишувала порака како на пример: „Мајко… ракот е нешто најубаво што ми се случило…“, „Да, вистина е!“, „Да, изгубив сѐ најдобро од себе…“, „Многу ми е жал што тоа неможам да викам од кровот сите за да слушнат. Затоа што навистина тоа е работата за која што сум најгорда на целито свет.“, „Повеќе од сѐ што направив во овие 24 години, повеќе од силниот напор и труд.“

Дали е таа светица? Или е, „малку луда“ како што нејзината мајка вели, измачена од најлошото страдање која што еден родител може да го поднесе. „Но прекрасна е, (…) способна да искаже љубов за животот над сите граници (…) постои прекрасна духовност во сето тоа… Неверојатно. Затоа ти се помага и ќе ти се помогне.“

Во црквата Свети Јаков, Карлота го запознала парох дон Џузепе Траполини. Му ја раскажала својата приказна за борба со меланомот и радоста која ја чувствувала кога ги слушала зборовите од Папата за младите. Отец Траполини одлучил да напише писмо на Папата и да му ја раскаже приказната на Карлота.

Кога Папата го примил писмото, со својата типична спонтаност, го повикал парохот за да му се заблагодари и му ветил дека ќе моли за Карлота. Карлота исто така му пишала на Папата за да му раскаже за довербата во животот и средбата со Бог: „Знам дека туморот ја излечи мојата душа, одврзувајќи ги моите внатрешни чворови и дарувајќи ми вера, доверба, преданост и неизмерен спокој токму во времето кога мојата болест беше најтешка.“

Може ли некој да стане светец само за неколку месеци? Што се однесува до воздигањето на олтарот односно службеното признание за нечија светост од страна на црквата како во случаите со Свети Доминик Савио, света Терезија од Лизие или блажениот Пиер Џорџо Фрасати – само Бог знае кога тоа ќе се случи, вели отец Триполини.

Сеедно, додава тој, „Светоста на Карлота е во тоа што била во состојба да го сретне Бог во овој и во следниот живот. Сигурен сум дека се посветила последните месеци од својот живот на најсвет начин на кој што знаеме: живот на длабока вера, молитва и трпение. Се соединила со распнатиот Христос. Тоа е светост. Навистина верувам дека светоста е средба со Бога. Ние сме тие кои размислуваме за времето.“

Карлота Нубил починала на 16 јули 2013 година на 24 години. Нејзината желба да го запознае папата Фрањо, кој се ставил на располагање, не се исполнила. Карлота не била способна да учествува на трите концерти кои и ги организирале Донаторите за помош при лекувањето.

После нејзината смрт во нејзино сеќавање се организираат концерти, изложби и награди. Во 2015 година е основано здружение кое го носи нејзиното име со цел промоција на активности и иницијативи кои се „поврзани со нејзините културолошки истражувања, страсти и нејзината неизмерна љубов кон животот.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот