Каритас: Дејствување во вонредни ситуации

Каритас: Дејствување во вонредни ситуации

Во просториите на Каритас на  надбискупијата Бар од  6-7 септември 2018 година се одржа состанок на претставниците на Каритас организациите од југоисточна Европа, кој се дел од регионалната група за дејствување во вонредни ситуации (SEECEG South-East Europe Caritas Emergency Group). На состанокот присуствуваа претставници на Каритас Европа, Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Романија и Босна и Херцеговина.

Во работните групи стана збор за активностите во кризни ситуации во регионот: мигрантски кризи, поплави, земјотреси. Покрај размената на искуствата и добрите пракси кои се спроведуваат се зборуваше и за тешкотиите кои се појавуваат при имплементацијата на проектите после вонредните ситуации.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот