Кардинал Фарел поттикна на повеќе вклучување на верниците лаици во пасторалот со семејствата

Кардинал Фарел поттикна на повеќе вклучување на верниците лаици во пасторалот со семејствата

Кардинал Фарел јасно повика на вклучување на верниците лаици, а посебно брачните парови во пасторалот со семејствата за да се гради заедно црковното ткиво.

Семејствата денес треба да откријат дека заедно со светата Тајна Венчание ја примиле задачата која треба да се подели со свештениците – таа беше една од централните теми за кои се расправаше на форумот Amoris Letitia, одржан минатите денови во годината посветена на семејството Amoris laetitia која трае од март оваа година до јуни 2022 година. Завршното излагање изнесувајќи ги заклучоците од средбата го одржа кардиналот Кевин Јосеф Фарел префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот. Врвот на првиот ден на Форумот беше видео пораката на папата Фрањо упатена до учесниците на таа средба. Јасен беше неговиот повик за вклучувањето на верниците лаици, а посебно брачните парови во пасторалното дејствување за да го градат заедно црковното ткиво.

Тема на средбата беше „На која точка сме со Amoris laetitia? Стратегија за пасотрална примена на апостослкиот поттик на папата Фрањо“. Целта на форумот е да се поттикне на размислување за сегашноста и иднината на пасторалот со семејствата за да биде поконкретен и близок до семејствата. На собирот е истакната важноста на парохиите, местата кои можат да дадат главен придонес во семејниот пасторал. Парохијата е семејство во кое хармонично живеат мали заедници, црковни движења и здруженија.

На форумот исто така е истакната потребата за соодветна обука на свештениците, ѓаконите, монасите, вероучителите и другите пасторални работници, инсистирајќи на присуството на лаци на курсовите за формација. Формацијата на лицата кои ќе ги следат паровите во подготовката за брак треба да биде приоритет: сопружниците кои еднаш ќе ја поминат обуката можат да обезбедат обука за други семејства и да создадат ланец на оние кои обучуваат за да се поттикнуваат процеси за формација кои ќе се рашират на повеќе семејства во развој.

Меѓу заклучоците на форумот е истакнато дека многу е важно да се дојде до луѓето таму каде што се наоѓаат. Пасторалот со семејства мора затоа во основа да биде мисионерски. Посебно внимание треба да се посвети на семејствата во кои бракот е во криза или кои имаат други тешкотии. Станува збор за обезбедување пасторална грижа за оние кои се разведени или оставени посебно земајќи ги во обѕир децата, инвалидите и старите лица. Препораката е да се допре и до семејствата кои се далеку од Црквата.

На собирот е забележано дека е потребно да се продолжи со заедничка работа благодарение на мрежата на односи помеѓу Светиот Престол и епископските конференции, движења и здруженија во духот на вистинското заедништво и взаемното почитување. Мрежата на заедничка работа ќе овозможи да се разменат идеи и проекти и поголема ефикасност за да се дојде до срцата на пасторалот односно до семејствата ширум светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот