Кардинал Шонборн по посетата на Сирија: Мирот е повеќе од отсуство на оружјето

Кардинал Шонборн по посетата на Сирија: Мирот е повеќе од отсуство на оружјето

Кардинал Кристоф Шонборн за Ватикан њуз раскажа за својата неодамнешна посета на Сирија истакнувајќи ја трагедијата на младите луѓе кои се принудени да победнат.

Кардиналот Кристоф Шонборн неодамна се врати од краткото патување во Сирија со кое сакаше да пружи морална и духовна поддршка на христијаните во регионот.

Муслиманите заедно со христијаните

Во разговор со Франческо Мерло за Ватикан Њуз кардиналот Шонборн го опишува своето патување како она на кое за жал не успеал да го направи сето она што навистина сакал. Тој раскажа една најтрогателна сцена која ја видел, а тоа е дека муслиманските жени и деца се собираат на молитва во христијанските манастири и светилишта.

Тоа што најмногу го погодило, продолжува кардиналот било сведочењето на „драматичната ситуација на младите генерации.“ Шонборн се присетува како слушнал дека многу млади му зборуваат за својата желба да ја напуштат земјата… за нивните стравови дека за нив „таму нема иднина.“

Молчењето не создава мир

Тоа е, вели, последица на десет последователни години на страшна војна. Последицата е ужасна економска ситуација и недостаток на мир.

Не е доволно да не се слушаат истрели од оружје, вели кардиналот Шонборн, затоа што додека во земјата нема помирување и единство, нема ниту мир.

Војна

Војната во Сирија избувна пред 10 години, во март 2011 година откако сириската влада насилно возврати на продемократските протести. Странските сили започнаа да заземаат страна, да испраќаат пари, оружје и борци, а додека состојбата се влошуваше, се вклучуваа и групи како т.н. Исламска држава. Меѓународната заедница ги сметаше за голема закана. Од тогаш убиени се речиси 400.000 луѓе, а уште 200.000 се водат како исчезнати, за кои се смета дека се мртви.

Повик до меѓународната заедница

Постои голема потреба од помош од меѓународната заедница, вели кардиналот. „Посебно од големите сили… (Америка, Русија, Иран и Турција) да се соберат за да и помогнат на ова земја да пронајде мир.“ Тогаш, рече, и дури тогаш може да се направи план за обнова на земјата.

Заминување од дома

Ова трагедија доведе до заминување на многубројно домашно население од земјата затоа што едноставно не гледаат иднина. „И тоа е навистина срцепарателно… затоа што тие ја сакаат својата земја.“

Повеќе од половина од предвоеното 22 милионско насление на Сирија ги напуштија своите домови. Околу 6,7 милиони интерно се раселени, многу од нив живеат во кампови, додека уште 5,6 милиони се регистрирани како бегалци во странство.

Кардиналот од Виена заклучува дека и тој самиот „е дете на бегалско семејство“. Мојата мајка говореше „никој не ја напушта својата земја доброволно“. Всушност кажуваше „секогаш е драма ако мора да ја напуштите својата земја.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот