Кардинал Фелони: Црквата во Шри Ланка е посетена повеќе од пред нападите

Кардинал Фелони: Црквата во Шри Ланка е посетена повеќе од пред нападите

За време на посетата на Шри Ланка, кардинал Филони ја посети христијанската заедница која се оправува од атентатот извршен на Велигден и ја пренесе близината и солидарноста на папата Фрањо

Кардинал Фернандо Филони, префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите ја заврши тридневната посета на Шри Ланка, а допатува од Тајланд, каде учествуваше на 350 годишнината од Апостолскиот викаријат. Кардиналот ја истакна близината и солидарноста на папата Фрањо со народот во Шри Ланка.

За време на посетата во Шри Ланка кардинал Филони ја предводеше свеченоста благослов на камен темелник за кујна за сиромашни. Тој се сретна и со роднините на настраданите од атентатот на црквата за време на Велигден, пренесувајќи им ја утехата и охрабрувањето на папата Фрањо. Префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите се сретна и со претседателот на таа островска земја, а потоа и со епископите со кои разговараше за мисионерството и образованието.

Денес Црквата во Шри Ланка се посетени многу повеќе од пред атентатите. Католиците даваат големо сведоштво на верата. Будистичкото мнозинство на овој остров, но и хиндусите и муслиманите се воодушевуваат на реакцијата на христијанските верници за нивното ненасилство и помирување – јавуваат тамошните медиуми.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот