Кардинал Турксон упати порака по повод Светскиот ден на рибарството

Кардинал Турксон упати порака по повод Светскиот ден на рибарството

По повод Светскиот ден на рибарството, кој беше одбележан на 21 ноември, префектот на ватиканската Дикастерија за целосен човечки развој, кардинал Турксон, испрати порака за актуелните предизвици на оваа гранка од економијата.

Во пораката објавена од Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 20 ноември, кардиналот Турксон прво укажа за важноста на поморскиот сектор, во кој работат околу 59,5 милиони луѓе, од кои секоја втора е жена, а чии активности се одвиваат претежно во Азија, каде е присутна 68% од светската флота за риболов и 85% од работната сила.

Тој предупреди дека годинашниот Ден на рибарството е обележан со пандемијата од коронавирусот, која брзо се прошири низ целиот свет, оставајќи драматични последици за економиите на многу земји со сериозно влијание врз најчувствителните сектори, како што е рибарството.

„Во ова време на пандемијата, би сакал да апелирам за поголема солидарност со најмаргинализираните луѓе, како што тоа папата Фрањо многу добро го објаснува во енцикликата Fratelli Tutti: Солидарноста конкретно се изразува во служењето, што може да има многу различни форми и на начин што презема одговорност за другите. А служењето во голема мерка значи грижа за ранливоста, за ранливите членови на нашите семејства, нашите општества, нашите народи (115)“ при што кардиналот укажа на потребата од меѓусебна солидарност.

На крајот, тој повика дека времето на зборови поминало и дека е потребно ангажирање. Завршувајќи ја пораката, тој искажа блискост со рибарите кои претрпеа различни тешкотии, особено споменувајќи ги 18 рибари од различна националност од Мазаре дел Вало на Сицилија, кои се во Либија од 2 септември, без можност за комуникација со нивните семејства.

„Од оваа едноставна хуманитарна причина, ги повикувам владите и надлежните државни власти да ја решат оваа болна ситуација и да најдат позитивно решение преку отворен и искрен дијалог“, повика кардиналот Турксон.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот