Кардинал Сако остро го критикува непотизмот во Ирак

Кардинал Сако остро го критикува непотизмот во Ирак

Ирачкиот патријарх го критикува лицемерието на христијанските политичари

Халдејскиот патријарх кардинал Луис Рафаел I Сако остро го критикуваше лажното христијанство на ирачките политичари. Тој со тага и болка гледа како во Ирак „некои политичари кои себеси се нарекуваат христијани се претвораат во корумпирани луѓе“ кои ги задоволуваат своите желби без скрупули, изјави во четврток 27 април 2023 година поглаварот на Источната католичка црква на веб-страницата на Патријаршијата.

Додека политиката е „почесна уметност во служба на општото добро“ која „дава услуги, правда и им овозможува на граѓаните да живеат слободен и достоинствен живот“, има кариеристи на кои им недостасува „човечко, духовно и патриотско образование“, истакнува кардиналот. Тој ги обвинува за непотизам за да го осигурат нивното опстојување како во тоталитарните режими.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот