Кардинал Сако му се заблагодари на Папата за посетата на Ирак

Кардинал Сако му се заблагодари на Папата за посетата на Ирак

Калдејскиот патријарх кардиналот Луис Рафаел I. Сако во писмо до папата Фрањо во име на сите ирачки католички епископи се заблагодари за посетата на Ирак.

Кардиналот во писмото спомнува дека Папата со својата донација сака да му помогне на ирачкото население и дека Патријархатот и локалната Црква, во согласност со желбата на Светиот Отец веќе работат на поделбата на финансиската помош со иницијативи кои ги поддржуваат семејствата посебно погодените од последиците на конфликтите, економската криза и пандемијата. Станува збор за христијански и муслимански семејства и за припадници на сите останати верски заедници во Ирак.

Патријархот истакнува дека посетата на Папата го допре срцето на сите граѓани сеејќи ја свеста за важноста на прифаќањето и почитувањето на различноста, за да се загарантира достоинството, слободата и еднаквоста на правата и обврските. Се надеваме дека тие ставови ќе ги вдахноват намерите на големите светски сили, пишува кардиналот Сако.

Во меѓувреме, владата на Ирак го задолжи меѓуминистерскиот одбор да се ангажира за спроведување на сугестиите произлезени во текот на неодамнешната посета на папата Фрањо на Ирак. За тоа известија арапските весници Ал Араби Ал Јадеед, кои се осврнаа на прашањата за безбедноста, економската одржливост и повоената обнова, а кои посебно го притискаат животот на христијанските заедници и другите составни делови на општеството, особено во долината Нинивија и Багдад.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот