Кардинал Пуљиќ упати честитка до епархот Стојанов

Кардинал Пуљиќ упати честитка до епархот Стојанов

По повод воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во епархија на 28 јуни 2018 година честитки до Н.В.П. д-р Киро Стојанов упати кардинал Винко Пуљиќ, надбискуп и митрополит Врхбосански.

Во честитката кардиналот истакнува: Таа вест со радост ја дочекав, бидејќи ми е познато што имаат претрпено католиците од источен обред во Македонија и сметам дека овој гест на Светиот Престол е признание и охрабрување.

Затоа упатувам најсрдечни честитки на Вас лично како и на целата заедница на католици од источен обред во Македонија, кои вие ги предводите. Ви посакувам вистинско охрабрување во верата и силен раст на месната Црква.

Со најсрдечните честитки ви упатувам и искрен поздрав и Божји благослов, повикувајќи на застапништво од нашата небесна Мајка! – стои во честитката на кардинал Пуљиќ упатена до епархот Струмичко- Скопски, монс. Стојанов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот