Кардинал Пулиќ ја предводеше благодарствената света Миса во Скопската катедрала

Кардинал Пулиќ ја предводеше благодарствената света Миса во Скопската катедрала

Надбискупот митрополит врхобосански кардиналот Винко Пулиќ, голем канцелар на Католичкиот богословоскиот факултет на Универзитетот во Сараево, во неделата на 11 ноември 2018 година го предводеше Евхаристиското славење во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, во заедништво со бискупот скопски и епарх струмичко-скопски монс. Киро Стојанов и епископот мостарско-дувањски и апостослки управител требињско – мркански монс. Ратко Периќ. Свештениците кои пасторално делуваат во Скопската бискупија и во нововоснованата Струмичко-скопска епархија „Успение на Пресвета Богородица“ се придружија, а и неколку свештеници од Босна и Херцеговина. На светата Литургија учествуваа чесните сестри Евхаристинки, сестрите на света Мајка Тереза и сестрите на свети Винко Паулски од Словенската провинција и други верници.

Поздрав до кардиналот Пулиќ, епископот Периќ, предавачите на Студискиот ден и до другите свештеници, чесни сестри и до сите собрани упати епископот Стојанов. „Браќа и сестри, денот е Господов кога Господ Исус своите ученици ги собира за да ги направи учесници во прекршувањето на своето Слово и храна во Евхаристијата. Радост ми е да истакнам дека оваа недела со посебена причина денес ни е вака свечена. Како што знаете, вчера имавме Студиски ден за историјата на Католичката Црква во Македонија. По успешниот работен ден, денес сакаме да го прославиме Господ сретнувајќи се со Него. Нека оваа Евхаристија, како и секоја благодарност биде на посебен начин попратена и со нашата молитва со овде присутните гости за да можеме како бискупија и понатаму како црква со сведоштва да чекориме низ историјата која нè чека“, рече епископот Стојанов. (…)

Во пригодната проповед кардиналот Пулиќ рече дека на поканата на епископот Стојанов, тој и другите епископи и професори дошле од Босна и Херцеговина во Скопје и дека во текот на Студискиот ден одржан ден порано „оделе низ историјата набљудувајќи го патот на Кароличката Црква во Македонија.“ „Потребно е да се знаат своите корени за да знаеме на што сме никнале и да ги цениме сите жртви кои се вградени во тие корени“, рече кардиналот Пулиќ, додавајќи дека во текот на Студискиот ден слушнал доста потресни податоци за жртвите на католиците во одредени векови кога останале верни на Христос и на Црквата. Укажа на потреба да го запознаат изминатото време затоа што тоа е цената на денешното време и на сопственото постоење.

„Одавам признание за организацијата на Студискиот ден“, рече кардиналот Пулиќ изразувајќи уверување дека тоа ќе биде залогот за идните поколенија за да не го заборават она од што никнале и за да го препознаат својот идентитет. (…)

Каридналот Пулиќ ја пофали работата за обновата на катедралата и ја истакна потребата на тој начин да биде обновена и целата заедница на верници, но и срцето на секој од нив, за да не бидат дволични и себични. (…)

Литургиското пеење го анимираше катедралниот хор под водство на с. Татјана Атанасова, а на оргулите беше дон Марко Станушиќ

кта/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот