Кардинал Паролин ја посети Бугарија

Кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, од 19-22 март 2016 година престојуваше во Бугарија. Во Софија ја предводеше Литургија во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ каде ја освети реновираната катедрала на Апостолскиот егзархат во Бугарија.

Кардинал Паролин се сретна и со патријархот на Бугарската православна црква Неофит, претседателот на државата, премиерот, како и со големиот муфтија во Бугарија.

Посетата на кардиналот заврши со прием по повод третата година од изборот на папата Фрањо за Петров наследник и 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Светиот Престол и Бугарија.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот