Кардинал Паролин се сретна со Џон Кери

На 15 декември 2014 година Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин во Ватикан се сретна со американскиот државен секретар Џон Кери. Како што изјави патер Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, главни теми за разговор биле состојбата на Блискиот Исток и ангажирањето на САД за да се избегне напнатоста и зголемување на насилството, како и ангажирање за нови преговори помеѓу Израел и Палестина.

Исто така е прикажано и ангажирањето на САД со цел затворање на војниот затвор во Гвантанамо, како и желбата на Светиот Престол за внимателност во барањето на одговарачките хуманитарни решенија за сегашните затвореници.

Поради краткото време немаше можност да разговараат подетално на други теми за кои соговорниците само се осврнаа, меѓу кои била посебно состојбата во Украина и нејзините изгледи за иднина, како и големиот проблем со епидемијата на ебола – истакна на крајот патер Ломбарди.

Категорија: Ватикан

За авторот