Кардинал Паролин: Светска средба на млади за подостоинствен свет

Кардинал Паролин: Светска средба на млади за подостоинствен свет

Голема е поврзаноста помеѓу Светскиот ден на млади во Панама и Епископската синода за млади која се одржа во октомври минатата година. Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин во интервју пред заминувањето на Папата за Панама ги повика младите да се ангажираат за посолидарен свет.

На 22 јануари во Панама започна Светскиот ден на млади само неколку месеци по Епископската синода одржана во октомври. Во традиционалното интервју за ватиканските медиуми во пресрет на апостолското патување на папата Фрањо, државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин напомена дека неодамнешната синодата го исцрта патот за таа средба на млади. (…)

Слушај и придружувај

Два збора, слушај и придружувај е двојната задача која Црквата во односот со младите ја презеде на последната синода. Претстојната средба нема да биде исклучок – рече кардиналот Паролин. Илјадници девојки и момчиња доаѓаат во Панама која овие денови – според неговите зборови – сака да биде место за планирање, надеж и доверба кои ќе се претворатт во преземање на одговорност во сопственото опкружување, вклучувајќи политичка активност во служењето на заедницата и грижата за општото добро.

Взаемно слушање

Едно од основните тврдења на синодата беше дека младите не се надворешни соговорници, туку полноправни членови на Црквата кои го живеат нејзиниот живот и учествуваат во нејзиното послание – нагласи кардиналот и во врска со спомнатите два збора, слушај и придружувај, истакна дека станува збор за взаемно слушање. Црквата на различните нивоа во својата структура ги слуша младите кои ги изразуваат своите стремежи и идеали, а тие пак од друга страна се повикани да ја слушаат Црквата која е со нив на нивниот пат. Слушањето и придружувањето се сведуваат на она што е основен повик на Црквата: средба со Господ Исус кој преобразува – рече кардиналот.

Да се сведочи верата на врсниците

Верувам дека денес ни се потребни довербата и надежта, во недостаток на конкретните решенија, способност за креативност и размислување за подобар свет во кој ќе се почитува достоинството и правата на секој човек – рече кардиналот и истакна дека најважниот начин на кој младите можат да го променат светот на подобро го смета навестувањето на Радосната вест меѓу врсниците. На крајот Папскиот државен секретар изрази желба дека секој учесник на овогодинешната средба на млади од Панама навистина ќе ја понесе ангажираноста за навестување на Евангелието со зборови, но пред сè со својот живот и сведоштво кое ќе го даде на другите.

Ватикан њуз/к.мк

Таг: Светски ден на млади

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот