Кардинал Паролин: Премногу невини луѓе изгубија сè; работиме за соживот

Кардинал Паролин: Премногу невини луѓе изгубија сè; работиме за соживот

Папскиот државен секретар, кардинал Паролин, говореше на церемонијата на која на Светиот Престол му беше доделена Меѓународната награда на италијанскиот институт Nazionale Azzurro, за неговата постојана служба за слога и мир меѓу народите. Тој посочи дека Светиот Престол секогаш е за соработка со оние кои се залагаат за ставање крај на конфликтите.

Тоа е одликување е поттик за дипломатско дејствување, кое иако е вдахновено и цврсто закотвено во црковните задачи, секогаш се труди да гарантира уреден заеднички живот во светот – рече кардиналот Пиетро Паролин, државниот секретар на Ватикан, итакнувајќи ја смислата за ангажирањето, кое со својата долга традиција ја одбележува поветеноста на Светиот Престол на меѓународно ниво. Повод за тоа беше врачувањето на наградата, која во 2022 година на Светиот Престол и ја додели италијанската институција Istituto Nazionale Azzurro.

Во позадина на зборовите на кардиналот беше кризата во Европа, и не само таа, ја доживува преку војната во источниот дел на континентот. Дипломатијата, иако со многу ограничувања, сепак е средство со кое може да се понуди пат до легитимниот стремеж на секоја нација за безбедност, стабилност и мир – посочи кардиналот. Конкретно, ватиканската дипломатија секогаш ќе биде достапна за да соработува со оние кои работат на ставање крај на тековните конфликти и за давање поддршка и надеж за населението кое страда, рече кардиналот, цитирајќи го папата Фрањо.

Станува збор за сè поитен ангажман, гледајќи го она што се случува во Украина, фокусирајќи се на напори кои се вложуваат од повеќе страни за да се запре конфликтот во кој премногу невини луѓе изгубија сè: саканите, семејството, домот, учтивиот заеднички живот, па и самиот живот. Дипломатијата на Светиот Престол, всушност, е способна да придонесе за градење мир, остранувајќи ја употребата на сила – рече кардиналот Паролин.

Основачот и претседател на Институтот Nazionale Azzurro, Лоренцо Фестичини – кој сакаше институција посветена на меѓурелигиска и меѓукултурна размена, со посебна чувствителност на хуманитарните активности и заштитата на човековите права – рече дека Светиот Престол е пример за вера, сила и посветеност за мир и тоа е многу вредно во тежок момент каков што е сегашниот, во кој се загрозени почитта, дијалогот и хуманиот заеднички живот меѓу народите. Соочени со страдањата на беспомошното население, исплашено од секојдневното бомбардирање, нека се умножи заложбата за праведен и траен мир, со што ќе се стави крај на оваа човечка трагедија која повикува во совеста на сите кои работат за иднина достојна за човекот – порача Лоренцо Фестичини.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот